Весникот „Автономна Македонија“ во 1922 објавил статија во која се повикува да се учи за делото на Александар Македонски: „ДА МУ ПОКАЖЕМЕ НА СВЕТОТ ДЕКА СМЕ ДОСТОЈНИ ПОТОМЦИ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ“

Весникот „Автономна Македонија“ во 1922 објавил статија во која се повикува да се учи за делото на Александар Македонски: „ДА МУ ПОКАЖЕМЕ НА СВЕТОТ ДЕКА СМЕ ДОСТОЈНИ ПОТОМЦИ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ“
Весникот „Автономна Македонија“ во 1922 година објавил статија од македонскиот општественик Трифун Греков каде што тој ги повикува Македонците да ги изучуваат славните подвизи на нашите антички претци, да се восхитуваат од нив како и од водството на „нашиот Александар“, за да се изборат за слобода и независност.
– „Во денешни услови, ослободувањето на Македонија и нејзиното издигнување во независна држава се грандиозни дела коишто ја бараат нескротливата енергија и неизмерна храброст на Александар Велики. Нема да дојдеме до слобода и независност преку малодушност и летаргија, туку преку титанска, добелсна и вешта борба“, пишува Греков.
Впрочем, вели тој, токму така војувале древните Македонци, па така и ние, нивните потомци, ќе треба да се бориме за реализирање на нашиот политички идеал.
Меѓутоа, статијата потсетува на трагичната судбина на Македонија, насилно поделена на три дела, и ги куди оние Македонци кои во новонастанатите тешки услови и заради разните пропагандни влијанија ја игнорираат древната историја на Македонија и фактот дека Александар е Македонец и е наш, македонски водач.
– „Сите други народи знаат дека Алексдандар е Македонец и секогаш кога ќе проговориме во странство за македонската кауза, веднаш станува збор за нашата големина во антиката. Нашето незнаење во тој случај е за осуда бидејќи се однесува на светлото минато на древните Македонци. Ете зошто треба искрено да ја изучуваме старата историја на нашата родна земја и да се запознаеме со извонредно необичната, гигантска личност на нашиот Александар“, се наведува во написот.
Авторот завршува со порака до Македонците која и тоа како е актуелна денес:
– „Да докажеме пред целиот свет дека достојно го носиме името Македонци и дека сме достојни потомци на нашите прадедовци”.
ИЗВОР: „Автономна Македония”, Година I, Брой 67, 21 април 1922 г., стр.1. —-/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа