ЦЕЛАТА ЕВРОПСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ

Целата Европска цивилизација потекнува од Македонскиот полуостров. Затоа сакаат да ги нема Македонија и Македонците.
Во продолжеток докази за европско фалсификување, односно фабрикат „Големата преселба на Словените“

Историската вистина за јазичната и генетската близина на Античките Македонци со Словенските народи, како и за измислената голема преселба на Словените
Во книгата „Древняя история казачества“ од Е. П. Савельев, чие што прво издание е пишувано во XIX век, на стр. 58 јасно е напишано дека „По падот на Македонското царство, околу 320 г.п.н.е., дел од Македонците се преселиле кон Балтичкото море. Тој народ бил наречен Бодричи, кој долго време го сочувал грбот на нивниот Александар Македонски, со Букефал и Грифон. Она што е посебно интересно е што тие зборувале на Словенски јазик, и дел од нив се селеле во најголемите, а подоцна и главни градови на Русија: Новгород, Псков, Владимир, Москва, Петерсбург. За себе тие говореле: „Ние сме славјани, т.е. ние што ја сакаме славата“.
Ќе нагласам дека пред преселбата опишана во книгата Древната историја на Казаците, Александар Македонски една година пред да тргне на Персија, тргнал кон север, го поминал Дунав на устието во Црно Море, напредувал до денешна Украина, дошол до Дњепар, се вратил назад и потоа тргнал кон Персија. При тој поход, дел од Македонците останале на тие простори. Материјален доказ за тоа се повеќе арехеолошки наоѓалишта во Украина со пронајдени монети со ликот на Филип II и други артефакти.
Таа е вистината за двете големи преселби на Словените, односно за смерот и периодот на нивните преселби, уште пред новата ера, односно 9 века пред фалсификат историјата што ни ја наметнуваат антимакедонските европски племиња.
Елаборирање на историската лага за „Големата преселба на Словените“
Разоткриен е историскиот фалсификат на Берлин, Лондон и Париз од XIX и XX век, базиран на записот на византискиот цар Константин VII Порфирогенит во кој, тој вели: „И тогаш се крена проклетиот словенски народ“, без да спомне било каква преселба. Тоа значи дека Големата преселба на Словените е лага без било каква научна основа !
За да се негира постоењето на Македонците како еден од најстарите народи во Светот и со сигурност најстар во Европа, Берлин, Лондон и Париз ги создаваат вештачките творби, Грците и Бугарите.
Голем број руски и други историчари и археолози ја отфрлаат Теоријата за преселба на Словените од кои настанале денешните словенски нации и држави.
Добро платени „експерти“, редовно и постојано, во некакви си „трудови“, и на медиумите, тврдат дека Македонците се Словени, дека користејќи трски за дишење го минале Дунав и се доселиле од „зад Карпатите“, и како доселеници мора да се откажат од антиката, односно од автохтоноста на овие простори. Притоа најмалоумно, немаат одговор за следново:
– кои се Словените, зошто воопшто тргнале во уникатна обемна етничка преселба, зошто на толку долг пат и зошто огромната природна препрека Дунав не ги принудила да застанат туку продолжиле кон Македонскиот полуостров?
– колку време им било потребно со воловски запреги, со севкупната покуќнина, домашни животни и стада, да дојдат до Македонија, какви трски користеле воловите при минување на Дунав?
– со какво софистицирано оружје располагале за да ги победат, поробат и потоа уништат староседелците на целиот Македонски полуостров?
– кој ги предводел и зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поголем поход?
– зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу VI и IX век?
Според историчарите кои заговараат дека Словените навистина дошле од „зад Карпатите“, најголемата маса од околу 300.000 Словени на Македонскиот полуостров се доселила во 626-та година. Значи тргнале во пролет и за осум месеци, колку што може да се патува пред да дојде зимата, поминале близу 1.500 км, препливале десеттина големи реки, меѓу кои и Дунав, а потоа се населиле на локации по слободен избор…
Од друга страна, оние што се сомневаат во тоа, отворено се прашуваат со каква воена сила располагале Словените, кога само за една година поминале толкав пат, молскавично кршејќи го отпорот на попатните племиња и староседелците.
Како е возможно старите жители на Македонскиот полуостров одеднаш и во потполност да исчезнат? Ако ја прифатиме претпоставката за нивно тотално и брзо истребување од страна на доселениците, како притоа, останале старите називи на планини, реки, ридови, потоци, мочуришта, пештери и друго? Како е можно новодојденото население за кратко време да прифати такво мноштво туѓи називи од своите претходници, кои немилосрдно ги истребило и изгнало?
Ако доселениците биле екстремно свирепи кон староседелците, зошто ги прифатиле нивниот јазик и култура? И како тоа ги истребиле, а го научиле нивниот јазик? Временски невозможно. Како потоа тој новиот тнр. старословенски јазик, чија што колевка е Охрид, се проширил во обратна насока, од Македонскиот полуостров зад Карпатите? Ако пак доселениците прифатиле некаков период на заеднички живот во кој успеале да ги научат и усвојат сите називи и обичаи на староседелците, во кој момент и зошто решиле да бидат монструми, и да извршат геноцид на домородното население? За таквото нешто нема никаков запис ниту усно предание.
Самата претпоставка за масовна преселба на цел народ е невозможна!
Според ставот на официјалната (фалсификувана) историја, се уште доминантен и во Македонија, Словените се доселиле на Македонскиот полуостров во релативно краток период меѓу V и VII век. Ваквата претпоставка се базира на еден запис од X век „И тогаш се крена проклетиот словенски народ“, на византискиот цар Константин VII Порфирогенит, според кој главната преселба се случила во 626-та година. Токму оваа историска лага им мати ум речиси на сите „историчари“ за тој период, модификувајќи ги и отфрлувајќи фактите што не се вклопуваат во таквото сценарио. Интересно е што Византија воено не реагирала на такво големо етничко раздвижување и преселба. Зошто? Логичен одговор е дека немало никаква масовна преселба на народ и логично, немало потреба за било каква воена реакција.
Доколку и прифатиме дека се случило масовното доселување, тогаш мора да сфатиме дека тоа морало да предизвика големи етнички и културни промени на Македонскиот полуостров, иако не се знае како „доселениот народ“ без силна државна и воена формација ги избегнал сите асимилаторски процеси во моќното византиско царство.
Интересно е што „преселничката историографија“ малоумно ги запоставува техничките претпоставки за толку масовна преселба на цел народ. Постојат разумни научници според кои постојат многу небулози во физичко-техничката изводливост на преселбата на Словените низ предели испресечени со големи планини, реки и мочуришта. Физичка преселба на населението од едно на друго место подразбира цел низ предуслови и техничка опременост за нејзина реализација, како и за успешно населување на новата локација.
Во секоја преселба не учествува само населението што се сели, туку, во голема мера, и населението што останува на појдовната позиција, потоа домицилното население на териториите преку кои се врши преселбата, како и населението меѓу кое доселениците се населуваат. Фактот што голем број топоними на Македонскиот полуостров се многу постари од V-VII век зборува дека тие се наследени од староседелците, зашто наследување на топоними, ороними и хидроними, не е возможно ако некој народ се доселува во празни или слабо населени простори. Значи, наследените топоними, ороними и хидроними, се доказ дека морал да постои долг период на соживот и комуникација на ист јазик.
Колку и да тврдат западните историски лажговци дека при големите преселби на народите настануваат големи мешања и создавање на нови сурогат народи, дека токму тоа се случило и при доаѓање на неброените диви орди од некакви степи и северни пустари, каде што немало услови за опстанок на толку бројно население, никако не можат да не убедат дека таквата преселба била физички и технички изводлива.
Да замислиме преселба на маса од 100.000 до 300.000 земјоделци со комплетни семејства, со сето она што ги чини организирана етничка заедница, од „некаде зад Карпатите“ кон Македонскиот полуостров…
Мора да се знае дека тоа население живее од земјоделие, сврзано е со земјата, гробовите на претците, родовско-племенската организација и некаков систем на одбрана од разбојници и освојувачи.
Се разбира дека сето тоа не поттикнува потреба за преселба, и логично е таа да биде предизвикана од мотиви појаки од наведените врски со родната груда. Од друга страна, многуилјадна заедница по правило троши онолку храна за луѓето и стоката колку што ќе произведе, и нема никаква смисла да вложува дополнителен труд за да произведе вишок на храна затоа што истиот би пропаднал. Ако пак има вишок на храна, тој потикнува наталитет, за да го троши вишокот храна. Затоа масовната преселба на земјоделско население подразбира неопходност, покрај вообичаената резерва на храна, да обезбеди храна барем за уште една година. Тоа значи дека им била потребна двојна годишна резерва на храна на ниво на заедницата. А ако има можност за такви резерви на храна, тогаш зошто потреба за преселба?
Да претпоставиме дека и покрај се, овој народ решил да се пресели далеку од родната груда,… се поставува прашањето за транспортот на храната, опремата, алатките, облеката, реликвиите, стоката, живината и друго. Ако едно семејство од тоа време имало околу 30 члена во три генерации, меѓу нив има млади и стари кои не се во состојба да поминат пеш пат од 1.500 км. Значи, потребни се бројни запреги, волови и товарни коњи за нивен транспорт, како и за резервите храна што ги носат.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа