Македонците од Австралија и пишаа на Гавазова: Ќе видиме дали ќе дојдеш повеќе во Австралија да ни се правиш патриот завиткана во знамето од Кутлеш само за пари

 

Ве молиме да не се срамите! Утре пак ќе треба да дојдете во Австралија, но ќе биде тешко за вас и за нас. Северните Македонци имаат свои естрадни уметници. Македонија нема што да слави сега, нејзиното име е збришано, а со тоа збришана е и независноста – порача на социјалните мрежи историчарот Ицо Најдовски – Перин, објавувајќи го плакатот со пејачите кои првично требаше да настапат во Пеленица, на Денот на независноста на Македонија, пренесе ФОКУС.мк

Станува збор за настан организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, по повод Денот на независноста на Македонија.

Објавата на Најдовски, кој живее во Австралија и е голем активист во тамошната македонска заедница беше поддржана од стотици иселеници.

 

– Да ја заборавете во иднина Австралија за пари правење! Овде ќе ни се правите патриоти и ќе се виткате со знамето од Кутлеш за евра и долари!
Тука ќе веете знамиња, а таму на предавници ќе пеете, сите ќе бидете избришани и бојкотирани – се дел од многубројните пораки од страна на нашите иселеници во Австралија.

 

Настапите во Пеленица веќе ги откажаа Јордан Митев, Адријана Кеш и Татјана и Новица Василевски.

 

Од Мерак Меана пак, кои исто беа првично најавени како музички гости, велат дека по грешка било ставено нивното лого на плакатот.

Целиот текст на ФОКУС.мк

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа