ВЕСНИК ОД 1925 ЗАБЕЛЕЖУВА: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГОРДИ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР И ТОА СЕ ЛУЃЕТО КОИ ГО ОСВОИЈА ЦЕЛИОТ СВЕТ

ВЕСНИК ОД 1925 ЗАБЕЛЕЖУВА: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГОРДИ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР И ТОА СЕ ЛУЃЕТО КОИ ГО ОСВОИЈА ЦЕЛИОТ СВЕТ

„МАКЕДОЦИТЕ СЕ ГОРДИ ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ И РАЗМИСЛУВААТ ЗА АПСОЛУТНА НЕЗАВИСНОСТ“ – 1925 г.
Весникот Мериден рекорд (“Meriden Record”) во септември 1925 година објавил статија под наслов „Истата стара игра“, во која информира за опасноста од нова војна на Балканот доколку непријателствата меѓу Грција и Бугарија продолжат и доколку неподносливата состојба во Македонија со нејзината поделба, предизвикана од „глупавата дипломатија„ на сојузниците, остане непроменета.
Весникот ги идентификува Македонците како потомци на античките Македонци, кои под водство на Александар Македонски го освоиле светот, и кои размизлуваат и се борат да извојуваат незвисност.
Весникот известува дека водечките европски сили им соопштиле на Грција и на Бугарија дека не смее да има нова балканска војна.
Но, истовремено укажува дека токму овие две нации се одговорни за тензичната ситуација што прети со ново крвопролевање во Југоисточна Европа „сè додека состојбите во Македонија останат такви какви што се“.
– „Глупавата сојузничка дипломатија е во основата на проблемот. Токму сојузничките дипломати дозволија поделба на Македонија меѓу Грција, Бугарија и Србија (сега Југославија)“.
Весникот понатаму објаснува дека Бугарија се обидува да завладее со нејзиниот присвоен дел од Македонија кој се наоѓа на границата со Грција, но не може.
– „Сè што успеа е да направи Македонците, гордите потомци на луѓето кои го освоија светот под Александар Македонски, да ги замразат сите влади“.
За да се заштитат, Македонците се само-организираат како комити, против кои е тешко да се бори било кој на нивната родна земја, исто како и против Индијците во САД минатиот век, пишува весникот.
Македонците се фалат со својата самовлада, која преставува подобра опција отколку да бидат нација згрижена под некого и размислуваат за „апсолутна независност“, се вели во статијата.
Весникот истакнува дека Бугарија, Грција и Србија од 1913 година се борат за превласт во Македонија, но сеуште не успеале во тоа, додека Друштвото на народите не направило ништо по ова прашање.
ИЗВОР: “Same Old Game,” Meriden Record, Tuesday Morning, October 27, 1925, pg. 6.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа