ЕВРЕИН ОД СОЛУН БИЛ ЧЕТНИК НА ВМРО! УЧЕСТВУВАЛ ВО НЕКОЛКУ БОРБИ И БИЛ ДЕЛ ОД ЧЕТАТА НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Ездра Исак Флорентин (1875, Солун – 19 jaнуари 1938, Софиja, Бугарија) револуционер, деец на ВМОРО, Евреин.
Неговото име се среќава и како Израел, Израил и Изрја Флоренти.
Ездра завршил основно образование во Солун, по што му помагал на татко му во семејниот занает – млекарството.
Покасно се запознавал со раководителите на ВМОРО во Солунско и Кукушко. По Младотурската револуција во 1908 година, Ездра имал контакт со Тодор Александров и Туше Скачков. Тој станал главен курир на организацијата во реонот и тајно ја помагал со пари.
По 1911 година турските власти ја разоткриле неговата дејност по што Ездра преминал во нелегалност. Стапил во четата на Тодор Александров и учествувал во многу борби. За време на Балканската војна во 1912 година бил доброволец во Македоно-одринското ополчение првично во четата на Ичко Димитров, а покасно во 3 чета на 13 кукушка дружина, а во Меѓусојузничката војна бил во Здружената партизанска чета на МОО. Бил носител на крст „За храброст“ IV степен.
Во Првата светска војна бил комита во партизанскиот одред на Никола Лефтеров. По војната живеел во Софија каде и починал.
Преземено Егејскиот дел на Македонија
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа