ПУТИН ПРОГЛАСИ ГОЛЕМ ТРИУМФ НА РУСИЈА!

 

Заврши периодот на закрепнување на руската економија од санкциите. Русија го издржа притисокот од санкциите, а моменталната економска ситуација во земјата е стабилна и избалансирана, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за формирање на федералниот буџет за 2024 година и за планскиот период 2025-2026 година.

 

 

– Издржавме досега невиден надворешен притисок и ограничувања на некои владејачки елити од таканаречениот западен блок, од одредени земји кои ги нарекуваме непријателски – посочи претседателот.

 

 

Според многу клучни показатели, економската ситуација во Русија е значително подобра од прогнозата, додаде Путин.

 

– БДП на Русија се врати на нивото од 2021 година. Сега е важно да се создадат услови за натамошен стабилен и долгорочен раст и развој – прецизираше и предвиде раст на БДП од 2,5 до 2,8 отсто.

 

Со добра динамика побарувачката се зголемува, изјави претседателот, додавајќи дека индустријата постојано расте, пред се благодарение на преработувачките индустрии.

Приходите кои не се поврзани со нафта и гас се значително повисоки од лани.

– Буџетските приходи од нафта и гас во периодот од јули до август се опоравија и се приближно на минатогодишното ниво, а земајќи ја предвид состојбата на светските пазари, продолжува активниот раст – додаде претседателот на Русија.

Еден од главните проблеми во економијата е растот на инфлацијата, рече Путин.

– Главниот фактор е јасен, а тоа е слабеењето на рубљата. Треба јасно да ги разбереме причините и да донесеме соодветни одлуки навремено, без одлагање. Уверен сум дека Владата и Централната банка ќе работат професионално и хармонично. Новиот федерален буџет треба внимателно да се разгледа и дефинира врз основа на државните приоритети, интереси и тековни планови во сите клучни правци – прецизира Путин.

Претседателот посочи дека пред се на граѓаните треба да им се гарантира дека државата ќе ги исполни сите свои обврски кон нив.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа