И ВО 1924 ИМАЛО МАКЕДОНЦИ КОИ ГЛУМЕЛЕ БУГАРИ ЗА ПАРИ

И ВО 1924 ИМАЛО МАКЕДОНЦИ КОИ ГЛУМЕЛЕ БУГАРИ ЗА ПАРИ

Така било и пред еден век. Арсениj Јовков во 1924 г. сведoчи за Македонците – бугаромани, кои за пари и корист глумеле поголеми „Бугари“ од Бугарите. Ова негово сведоштво укажува на три нешта:
1. Имало, како што има и денес, мал број Македонци кои за пари и лична корист учествуваат во политиката на официјална Бугарија против Македонија.
2. Најголем дел од Македонцитe и тогаш останале Македонци, како и денес, па продолжиле да се борат за самобитноста на македонската нација.
3. Бугарија уште тогаш вметнала наратив да ги оцрнува македонските патриоти како предавници, комунисти или што и да е друго – по потреба, а да ги велича купените пиони за своите пропагандни цели.
Јовков пишува:
– „Тие си останале на страна како луѓе, коишто мислат и се чувствуваат само како Македонци и затоа немат работа во внатрешните борби на Бугарија… Барем илинденците не можат да го сторат тоа обесчестување за задоволување на неколкуте Македонци што го носат делото само по партиски пазари – оние Македонци во Бугарија од коишто некои не ја ни виделе Македонија, но од почетокот имаат задача да ја корумпираат или да ја ограничуваат чесната македонска мисла, да го расипат револуционерното дело во Македонија, да го цепат, да го уништуваат и над сѐ тоа, тие се сметаат за најголеми ‘патриоти’ и ‘националисти’, додека сите Македонци кои чесно размислуваат, сите скромни и бедни до срж борци, сите оние што кога светодејствуваат во македонскиот храм го истресуваат дури и правот од обувките – да, сите тие да се сметаат за ‘некои што немаат татковина’, ‘предавници’ итн.
Ќе разберат ли илинденците дека сите тие интриги се само повторување на старите начини на корумпирање, дека зад сѐ тоа се крие самото разрушување на Илинденската организација, која толку многу ја сакаат некои емигрантски средини, кои знаат да прават „голема политика”, но сѐ – на сметка на Македонија?
Ќе разберат ли дека тука не станува збор за личности, туку за чесното постоење на Илинденската организација, којашто многумина имаат сметка да ја видат неактивна, безидејна, која плука на своето минато, којашто ја убива својата иднина, вчера – Земјоделска, денес – Зговорнистичка, утре – Господ знае каква…”
Најбитното: Чесните илинденци си останале само Македонци. Тие, вели Јовков – „мислат и се чувствуваат како Македонци“ и немаат работа во внатрешните борби на Бугарија.
ИЗВОР: Арсениj Јовков, „Заблуди и истини”, „20 Юлий”, год .I , бр.5, 11 мај, 1924. —-/
ЗАБЕЛЕШКА: И Арсениj Јовков понекогаш пишува за „Бугари“ од Македонија, поистоветувајќи се со нив. Тој е политички Бугарин – поданик на државата Бугарија кој живее и работи таму, па затоа мора и да пишува на тамошниот официјален јазик. За да ги искаже своите мисли како весникар, тој тактички работи „под бугарска маска“ но секогаш во корист на македонскиот национален сепаратизам, како што своевремено ќе каже неговиот соработник Крсте Мисирков. ——/
Можеби е графика на нацрт и текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа