Ова е Србинот од КиМ кој го уби полицијата на Курти! Игор беше татко на две деца и возач на брза помош (ФОТО)
Во престрелка со таканаречената косовска полиција во Бањска загинаа четворица Срби, меѓу кои и Игор Миленковиќ.
Според медиумите, Игор Миленковиќ (50) е татко на две деца, а работел како возач на брза помош во Клиничко-болничкиот центар на Косовска Митровица.
Да потсетиме, ноќта меѓу саботата и неделата припадниците на КПС се обидоа да ги отстранат барикадите што ги постави група вооружени Срби на влезот во Бањска. По тој повод дошло до размена на оган и загинал еден албански полицаец. Потоа следеше повеќечасовна престрелка, при што беа убиени и српски млади момчиња.