Рашири го зборот
Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин за време на нејзиниот говор во Стејт департментот.
Ина истакна дека проширувањето на НАТО е последица на руската политика, пренесува Ројтерс.
– Штета, Владимир. Сами го направивте ова – изјави Хилари Клинтон.
Враќајќи се во Стејт департментот за откривањето на нејзиниот официјален портрет, Клинтон, исто така, ја искористи можноста да го покаже своето негодување за политиката на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп ., кој ја победи на претседателските избори во САД во 2016 година.
Таа навести дека способноста на САД да соберат поддршка за Украина е доведена во прашање поради „отуѓувањето на сојузниците“, што е директно „наследство на Трамп“.