ГРЧКИ УЧЕБНИЦИ ЗА ВОСТАНИЕТО ВО ДРАМА: „Бугарските нацистички окупатори убиле 5 016 жители“ на Драма

КОРИТАРОВ: Конкретно што пишува за бугарската окупација на Егејска Македонија?

СТОЈАНОВ: Пишува дека грчката држава била окупирана од три сили, станувало збор за тројна окупација… Германија, Бугарија и Италија. Публикуван е говорот на првиот премиер на Грција по окупацијата, Папандреу, кој збори дека варвари ја  окупирале Грција, но потоа се дале во бегство итн, итн. Еве тука (го покажува учебникот, н.з.) имаме една табела чиј наслов е ЖРТВИ НА НАЦИСТИЧКАТА ОКУПАЦИЈА…

КОРИТАРОВ: Т.е тројната окупација…

СТОЈАНОВ: Да, пишува „нацистичка окупација“ и пишува следното: во септември-октомври 1941 година убиени се од БУГАРИТЕ 5 016 жители на Драма, Доксато и селата окупирани во реонот…

КОРИТАРОВ: Тоа го пишува во современиот грчки учебник… дека бугарските војски на царството Бугарија убиле 5000…?

СТОЈАНОВ: Нацистичките окупатори…!

КОРИТАРОВ: Значи, пишува Бугарите (дека се нацистички окупатори, н.з.) …!

СТОЈАНОВ: Да, Бугарите…, не пишува царските војски, републиканските војски, пишува Бугарите. И нешто повеќе – секоја година, таму во присуство на претседателот на Република Грција, се одбележува, се дава почит на жртвите во Драма…

КОРИТАРОВ: Чекајте малку. Јас не помнам дека ние ова сме го учеле, а и не знам дека сега го има во нашите учебници…!

СТОЈАНОВ: Подоле во учебникот има и други настани, за кои не пишува „Бугарите“, но пишува: 5 април 1944 година во селото Клисура, кај Костур, ликвидирани се 270 старци, жени и деца. Не пишува кој го направил ова, пишува нацистичките окупатори, но ако тргнете кон деталите, на пример препорачаната литература за овие настани, ќе видите дека таму има еден Бугарин кому ние тука сме му издигнале споменична плоча и кому ВМРО (на Каракачанов, н.з.) редовно оди да му го чествува името, Андон Калчев, кој е чевствуван како херој, а тој е суден, всушност има две пресуди за него. Едната е на доживотен затвор, другата е смртна пресуда која е извршена и него го осудиле затоа што водел бугарска група, која заедно со дел од германските војски, го извршиле тој престап во Клисура.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа