Од заедничката историја – со Бугарија
Востание против бугарската власт организирано од КПГ, во кое активно учество земаат месните жители Македонци и Грци. Започнало ноќта помеѓу 28–29 септември 1941 г. (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната.
Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени ок. 3.000 души.
Сликава е пронајдена во напуштена полициска станица, која ја користел бугарскиот фашистички окупатор и колку што ни е нам позната таа е во соптвеност на македонските архиви, а не на грчките – што би значело дека тој кој ја чувал и известувал за истата бил ангажиран и на територијата на денешна Република Македонија, па од таму сосем е оправдано тврдењто на макеоднската наука дека отсечените глави може да припаѓаат и на Македонци.
Како и да е злосторот е очигледен, на сликата лево од главите го гледаме и гордиот бугарски фашист како позира со секирата, со која ги отсекол главите на востаниците од Драмско.
Утрото на 29 септември, во гратчето Просечен била прогласена народна власт. На овој митинг на македонски јазик се обратил Ѓорѓи Бончев, додека прокламацијата за востанието на грчки јазик била прочитана од Андониос Николаидис.
За нас е важно да се споменеме дека во овие борби загинале десеттина македонски борци: Иван Велјанчев, Васил Шапков, Христо Европов, Ѓорѓи Шапера, и Ифандополос. Додека Прокоп Караиванов бил претепан до смрт, а Христо Болуџиевски, Димитар Росиловалиев, Ѓорѓи Пејков и двајца борци од село Волак биле осудени на смрт и стрелани.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?