Ајде со среќа нека им е со ваков народ! Функционерите ќе добијат нови 700 евра покачување на платите
Ново покачување на платите од 700 евра бруто за функционерите од 1 јануари
Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година.
Како што анализира „Слободен печат“, од 1 јануари нивните месечни примања ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!
На пример, платата на премиерот Димитар Ковачевски до март изнесуваше околу 90.000 денари, од март прима околу 160.000 денари, а од јануари ќе зема околу 184.000 денари, а слични се платите и на спикерот Талат Џафери и на претседателот на државата Стево Пендаровски.