Македонија и Македонците заведени одделно од Бугарија уште во 1461ва година

ПРОЕКТ НА ПАВЛЕ МАВРОЦЕН ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ЕКСПЕДИЦИЈА ПРОТИВ ОСМАНЛИИТЕ 1461 – 1462 година
Во проектот на Павле Мавроцен за преземање експедиција против осмалиите во 1461-1462 година се наведени неколку народи меѓу кои и Македонците, покрај Грците, Србите, Босанците. Исто така, Македонија е наведена одделно од Бугарија, Србија, Грција, Босна итн.
„Кога ќе бидат разбиени непријателските сили никој не се сомнева дека цела Бугарија, Србија, Босна, Македонија, Епир, Тесалија, Грција или Атика, и Пелопонез веднаш ќе се вратат кон верните, дури веднаш штом војските ќе ги нападнат границите на непријателот, ќе се одметнат и ќе однесат најголема победа над непријателот…
Србите и Босанците, со кои неодамна водев таков разговор, веднаш ќе се одметнат од непријателот и ќе побегнат со дваесет и повеќе илјади вооруженици. Поттикнати од овој пример Тесалиците, Грците (?), Пелопонесците, Епиротите и Македонците, сите ќе се одметнат од непријателот и со повеќе од дваесет илјади вооруженици, заедно со нашите, ќе се втурнат против непријателот.“
ИЗВОР: Јован Радонић, „Ђурађ Кастриот Скендербег и Арбанија и 15 веку – Споменик XCV”, Београд, стр. 128-129.
Сите реакции:

Najdo Na Tošo Trajčevski, Marjan Trajkovski и 7 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа