Македонските партизани со паролата на Сарафов тргнале против Бугарските Фашисти и албанските Балисти! МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗЕМЈАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГЛАСЕЛО ЛОГОТО НА АНТИФАШИСТИЧКАТА БОРБА

„Македонија на Македонците – Земјата на земјоделците“ е една од паролите кои ги предводеа македонските партизани кои на 11-ти октомври ја отпочнаа борбата против Бугарскиот фашистички окупатор!
👉 Ако денес сме во ваква идентична ситуација (а сме) додека #СДС, #ДПМНЕ и #ДУИ ни ја ,,бранат” државата, следствено нивната политика, ова парола веројатно би звучела: „Северна на етничките заедници – Земјата на странските ‘инвеститори’ за фотоволтаици“.
❓Сега главното прашање: Зошто умислено со уништува македонското земјоделие?
📖 Ако го земете првиот учебник по историја со кој сте се сретнале (барем оној од кој јас учев, а не беше избугарен од министрите на ДУИ), уште на прв час се учеше дека првите цивилизации се создавале покрај големите реки, и почнале да се развиваат и рашируваат кога го воспоставиле системот за наводнување, како колективна потреба за заедничко добро!
📝 Во 1924 година, Коста Новаковиќ ја издава книшката насловена „Македонија на Македонците – Земјата на земјоделците“ – тогаш од „Независната работничка партија“ (која всушност е КПЈ, но порад тоа што кралството Југославија забранува постоење на Комунистичка партија, морале вака да се регистрираат и го озаконат нивното делување) практично е еден од првите (во епохата на креирањето на национални држави) кои не зборува само за #Македонија и македонското прашање, туку и за #Македонците. Проблемот: Зошто ја нема Македонија? – го лоцира на истото место каде што е и денес , во буржоазијата!
⚠️ Имено – буржоазијата од овие краеви функционирала идентично како денешната – додека Македонска буржоазија воопшто и не постои! Така: енергенсите ви ги контролира (ЕВН) австриска буржоазија, (ОКТА) грчката буржоазија, банките (од турски и бугарски до какви уште не), клучните сфери за нормално функционирање на една држава се во рацете на странската буржоазија… а македонска буржоазија е подредена на овој нивен капитал (разни Мицковисти, Анѓушовци, Заевисти…) и е само обична слугинка на надредената.
✊ Е сега, Новаковиќ вели дека во тоа време кога и не постои македонска буржоазија, највисоката класа ги изнесува своите потомци на образување во другите земји, додека на терен странската буржоазија создаваа свои агенти, кои ги задоволуваа нивните интереси (исто како и денес). Единствените кои останувале во македонија (и биле нејзиниот стожер) се земјоделците. Баш тие земјоделци и селани се оние кои не станаа ничиј агенти, не си отидоа од Македонија и одново се дигнаа во борба, овој пат со фашистичкиот окупатор и голи и боси го победија. Се бореа за својата земја, за својата Македонија!
🕳️ Денес, Уништувањето на земјоделието не е само самоубиство на еден народ за храна, уништувањето на земјоделието е уништување и на ова малку Македонија што остана! Само во овчеполскиот регион бројот на млади луѓе за последните 20 години е намален скоро на половина (официјална статистика 45%, неофицијална веројатно повеќе).
💰 Домашната ситна буржоазија на плодната земја „ѕида“ стаклени панели каде и колку се може (зависи како ќе се подмачка и кај која партија) – Ама крупната буржоазија, конкретно во Овче Поле, доаѓа од нео-колонијална Франција. Исто како и тогаш, само капиталот ги измени ресурсите за остварување на профит, па така: на наша земја, од наши ресурси, да ни ја продаваат нашата струја, за наши пари!
💸 А Тројниот пакт на власт (СДС, ДПМНЕ и ДУИ), иако веќе во во XXI век, за цело над триесет годишно владеење не ја научија лекцијата од петто одделение, дека државата се градела таму каде што има вода, а развива таму каде што има систем за наводнување. Тотално неблагодарно кон оние кои положија животи за македонската земја во време на војна, тргнаа да ја распродаваат како да е нивен сопствен имот во време на мир!
👉 Македонецот се бореше со векови, додека се избори за својата земја и создаде социјалистичка држава, чија земја ги прехранува сите. На капитализмот му се потребни само триесетина години, да му го одземе правото на Македонецот да биде господар на сопствената земја!
⚠️ Уништувањето на земјоделието и земјата е уништување на Македонија! Земјоделците кои ги иселивте нема да се вратат – Земјата која ја распродавате нема да биде наша!
👉 Денес, кога вашата политичка елита (буржоазија) ќе благоглаголи и „празнува“ 11-ти октомври, објаснете им дека партизаните не се бореа ниту за Европска унија, ниту за НАТО алијанса, ниту за интересите на прекуграничната Буржоазија! Земјоделците се бореа и дадоа животите за македонската земја и македонската држава, која тие ја распродаваат.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа