Пред да научат да кажат мамо или тато, за шест дена во Газа загинаа стотици деца. Цел народ е претворен во глинен гулаб. Му се случува геноцид

Пред да научат да кажат мамо или тато, за шест дена во Газа загинаа стотици деца.
Цел народ е претворен во глинен гулаб.
Му се случува геноцид пред онемената и лицемерната ЕУ и и обезмудените ОН.
Ова е трагедија која светот мора да ја сопре.веднаш.
Денес.
Цивилните жртви од двете страни исто болат.
Но ваква дехуманизација на Палестинците, ваков варварски третман кон нив, оставени без храна вода и лекови, без струја, на милост и немилост на израелските ракети и бомби со бел фосфор, ваква жед за убивање на цивили не смее да биде допуштена од меѓународната заедница, ако уште, постои.
Изгледа не.
Најперверзното во сето ова е што народот којшто доживеа епски геноцид во Аушвиц, Треблинка, Собибор, на тие топоними на смртта, се однесува геноцидно кон друг.
Им нареди да си заминат од Газа на два милиони Палестинци. Од нивните домови. Тоа е етничко чистење. Каде да одат тие луѓе? Египет не може да ги прими, сигурно. И нема да ги прими. Им останува да скокаат во морето, зашто од другата страна е ѕидот.
Ова е голем срам за цело човештво и ќе го стигне казната за тоа. Ќе се испоубие темелно.
Ќе се вратиме во камено време.
Апелирам до овдешните обезмудени, корумпирани власти, партии, медиуми, да го осудат обидот за етничко чистење и геноцид врз Палестинците. Ако останала уште трошка човечност во вас. Ако не сте продадени до последниот атом на оние ваши ментори кои уживаат во крвавиот пир во појасот Газа.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа