„Имаше дури и предлози за брак! Јелена Розга призна дека жените и се додворуваат по раскинувањето, на сите им кажува само едно

„Имаше дури и предлози за брак!  Јелена Розга призна дека жените и се додворуваат по раскинувањето, на сите им кажува само едно

Споделете ја веста

Јелена Розга изјави дека добива многу понуди од мажи, но и од жени, но дека љубовта не ја интересира бидејќи единствена цел и е кариерата.

По раскинувањето со Стјепан Хаусер,  пејачката Јелена Розга вешто го крие својот љубовен живот од очите на јавноста и избегнува да зборува за своите партнери.

Иако јавно не зборува за својот љубовен живот, самата Јелена не може да негира дека насекаде има додворувачи, а дека често добива љубовни понуди и од жени.

Фото: принтскрин инстаграм

 

Како што тврди таа само учтиво се заблагодарува на комплиментите кои ги добива, а убаво објаснува дека врската не и е приоритет во овој период.

 

– Има многу господа кои ми приоѓаат каде и да ме сретнат, па мислам дека се уште не сме изгубиле вистински мажи, како што велат. Ми приоѓаат и жени, но, секако, не ме интересираат врски – искрена била Розга, пренесува „Република“.

 

Фото: принтскрин инстаграм

 

Јелена Розга тогаш откри дека добила предлози за брак и од жени. 

 

-Имаше и предлози за брак, сето тоа се комични ситуации. Моментално фокусот ми е на кариерата и снимањето на нови песни. Не сакам премногу да зборувам за мојот љубовен живот, тоа не ја интересира мојата публика. Луѓето ме сакаат поради песните, поради енергијата што си ја пренесуваме на концертите, кога се дружиме и мислам дека тоа треба да биде важно. Не знам што некому му е гајле да зборувам со кого сум во врска и кој е мојот партнер. Не е важно – објаснила пејачката.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа