ЗОШТО САД НЕ И ДАДЕ НА МАКЕДОНИЈА ОРУЖЈЕ ДА СЕ СПРАВИ СО ТЕРОРИСТИТЕ НА УЧК КАКО ШТО И ДАВА НА ИЗРАЕЛ?

САД и ЕУ го поддржуваат територијалниот интегритет на Израел на целата територија. Им даваат зелено светло, па дури и ги вооружуваат за да расчистат со терористичкиот Хамас, не водејќи сметка за цивилните жртви. За само една недела се убиени 700 деца, повеќе отколку во Украина за 600 дена воени дејствија (509 деца според украински извори).
Па нели и Македонија беше суверена земја на целата своја територија со право да се брани од терористичката ОВК/ОНА? Зошто нас не нé вооружија или барем да ни ги оставеа одврзани рацете за да се справиме со терористите? Наместо тоа, на претседателот Трајковски му се заканија дека ќе ни воведат санкции и ќе го бомбардираат Скопје, терористите ги извлекоа со се нивното оружје од Арачиново, а Македонија ја натераа да потпише срамна капитулација. Терористите ги амнестираа, но наместо да им забранат било каква политичка активност, им формираа политичка партија (ДУИ), којашто продолжи со својата непријателска дејност кон Македонија сé до денешен ден. Единствено што воените активности ги заменија со субверзивни активности во мир.
Згора на сé, Македонија слепо и понизно ги следи САД и ЕУ и во случајот со Израел, заборавајќи ги сите неправди што и беа нанесени од нивна страна. Но, од таа понизност нема да види никаква корист – вратите од ЕУ засекогаш ќе и останат затворени, а како услов цело време ќе и стои откажувањето од јазикот и самобитноста, како основни елементи на суверенитетот.
За САД правилно и праведно е само тоа од што тие имаат корист. До денешен ден Палестина ја признале 139 од 193 земји-членки на ООН. Палестина не ја признаваат само САД и нејзините западни сојузници, таканаречената „златна милијарда“ којашто според нив има право да живее. Од сиромашните и неразвиените земји Палестина не ја признале само Македонија, Панама, Мјанмар, ДР Конго, ЦАР и Габон. (на мапата). Признавањето од страна на најголемиот дел од човештвото најдобро покажува што е праведно.
Особено жален и срамен е случајот со Македонија. СФР Југославија одамна ја признала Палестина, а другарот Тито беше голем пријател со Јасер Арафат, лидерот на ПЛО. За жал, Македонија е единствената република, којашто не е членка на ЕУ, што го повлекла тоа признавање.
Според западните земји Хамас е терористичка организација, што е очигледно од начинот на нивно дејствување, но Хамас не би постоел ако западните земји ја признаеле Палестина како независна земја, како поголемиот дел од праведното човештво. Од друга страна, Израел исто така војува валкано и се однесува терористички кон цивилното население, но тоа дволичниот Запад упорно го игнорира.
Кога ќе ја подвлечеме цртата, имајќи ја предвид контроверзната позиција на Македонија по истите прашања, најправилно би било Македонија да заземе неутрален став кон воените дејствија во појасот Газа. Да не биде само обичен вазал на колективниот Запад, каде што никогаш нема да биде прифатена како рамноправна членка и од каде постојано ќе трпи уцени и понижувања.
=====================
На сликата: земји што ја признаваат независната држава Палестина
Фб статус на Дејан Трајковски
May be an image of map
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа