МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ЕДНА, ТУКУ ГОЛЕМ БРОЈ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ, КОИ СЕ ИДЕНТИФИКУВАЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ЕДНА, ТУКУ ГОЛЕМ БРОЈ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ, КОИ СЕ ИДЕНТИФИКУВАЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ

Обидите да се докаже дека Македонците во античкиот период биле една етничка заедница секогаш ќе завршуваат со неуспех бидејќи се осудени на неуспех уште на почетокот, зашто најстарите пишани документи упатуваат на фактот дека со името Македон, односно, како Македонци, се идентификувале голем број етнички заедници, кои имале свои, локални имиња. Сврзен момент е легендата за епонимниот јунак Македон, за кого постојат податоци само од митологијата, односно од митолошките преданија. Препрочитувајќи ги митолошките содржини за најстарите периоди на Балканот, како и пишувањата на старите автори станува јасно дека голем број етникуми имале свои посебни кралства и заедници, но биле сметани за потомци на Македон, односно, по потекло, сепак, се сметале и биле Македонци. Токму како такви, подоцна, здружени во едно кралство, во добро ораганизиран систем во времето на Филип II Македонски се наметнале над поголемиот дел од Балканот и започнале со реализацијата на „големиот проект“ освојување на целиот познат свет и формирање империја, каква што дотогаш немало во светот, која била постигната со синот на Филип, Александар III Македонски. Така започнало владеењето на Македонците со светот, за кое пишуваат и старите автори.

 

Македонија, Тракија, Илирија, Мезија, …

Интересен е, во врска со ова, наводот кај Диодор, кој вели: „После тоа, со смртта на царот на Асирците, Сарданапал, завршило владеењето на Асирците, настапила епоха на Македоните.“1

 

Значи старите автори тврдат дека после владеењето на една од постарите цивилизации, каква што е асировавилонската, настапило владеењето, односно, цивилизацијата на Македонците. Денес, речиси, не се споменува никакво владеење или цивилизација на Македонците, туку тоа сосема поинаку се толкува, како хеленизам, грчка цивилизација и сл. Замислете: еден неповторлив настан од светско значење и период од неколку века на владеење и контрола со добар дел од постоечкиот свет, денес се толкува како „историски инцидент“!!!?? Зошто е така, нема да спориме. Дали е тоа оправдано или не, нема да коментираме. Веруваме во објективноста на науката и цврстата решеност на човештвото да дојде до вистината, па порано или подоцна, заблудите ќе бидат надминати и ќе им се даде право на аргументите, на документите, на сведочењата на современиците и на другите докази за тоа.

 

Античките автори разликувале Долна и Горна Македонија, а во секоја од нив набројуваат поголем број племиња, односно, етнички заедници со посебни имиња кои, по потекло, се сметале Македонци, потомци на Македон. Со поимите Горна и Долна Македонија, особено,се служи еден од најстарите историчари на Балканот, „таткото на историјата“, Херодот.2 Слично се произнесуваат и другите антички автори, како Тукидит, Диодор, Страбон, Полибиј, Павсанија, Плутарх и др.

 

„Исто така постои и Горна Македонија, која се состои од другите народи Линкестијците и Елимиотијците, кои се сојузници и поданици на Долна Македонија, но ги задржуваат своите локални кралства. Она што сега е крајбрежна Македонија за првпат го доби таткото на Пердика Александар и неговите предци, кои потекнувале од Теменидите од Аргос.“2

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа