Италијански генерал во 1923! Бев во Драч и слушнав со свои уши, жителите викаат дека се македонци а не бугари

АЛБАНИЈА, 1923 г. – „ПРАШАНИ ЗА НАЦИОНАЛНОСТА, ТИЕ ОДГОВАРАА – МАКЕДОНЦИ, A НЕ БУГАРИ“ (Прв дел)
По завршувањето на Првата светска војна била основана Меѓународна комисија за разграничување меѓу Албанија, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (CXC) и Грција. Телото било создадено поради несогласувањата околу дефинирањето на границите на Албанија. Bо расправијата се вклучила и Бугарија, која искажала интерес за 18 наводни „бугарски села” во Албанија.
Задачата да ја утврди националноста на жителите во овие села му била доверена на италијанскиот генерал Енрико Телини.
Откако ја истражил ситуацијата на терен, Телини преку италијанското претставништво во Драч го известил Министерството за надворешни работи во Рим на 2 август 1923 г. дека жителите во селата се идентификуваат како Македонци, а не Бугари. Телини пишува:
– „При карактеризирањето на овие села, нарочно го користев општиот апелатив македонски, а не бугарски, бидејќи насекаде кога жителите ќе ги прашав за нивната националност одговараа Македон, и кога ќе додадев Бугар, тие повторно одговараа Македон.“
Овој и слични историски документи јасно укажуваат дека македонското име и национална свест опстојале и покрај првобитната забрана на името Македонија (и следствено – името Македонци) од страна на турскиот султан во содејство со Европските сили, како и подоцнежните напори да се избрише или происвои името Македонија по нејзината насилна поделба во 1913 година.
ИЗВОР: „Италијански дипломатски документи за Македонија“, Дравен Архив на Република Македонија, Матица Македонска, Том 1, Книга 1, 1918 – 1924, Скопје 2001, стр. 231, 233. —–/
Можно е да е слика од нацрт, дневник, одрезок од билет и текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа