Митрополитот крушевско демирхисарски Вранишковски смета дека грците со бугарите се бореле за Македонија после илинденското востание

Митрополитот крушевско демирхисарски Вранишковски смета дека грците со бугарите се бореле за Македонија после илинденското востание

 

Многу порано требаше да сфатиме како политички се решаваат некои работи. Вака вечерва во интервју за 360 степени одговори Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован на прашањето дали Преспанскиот договор ги отвори вратите за признавање на македонската православна црква.

 

„Што губи денеска нашата држава, Република Северна Македонија што се вика со тоа име, што не е јужна Македонија или горна или целосно интегрално само Македонија. Таа никогаш не може да ја има територијата на целосна Макеоднија како во римското царство. Реално ова е дел на Северна Македонија или како порано што се викало на Горна Македонија“, изјави Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.

На прашањето дали договорот од Преспа ја поттикна вселенската патријаршија да одлучи да ја прими во канонско единство македонската православна црква односно Охридската Архепископија. Митрополитот крушевско-демирхисарски потсетува на период по Илинденското востание во 1904 година „во Елада настанува борба за Македонија и таа трае до 1908 година. И тогаш многу слушнале за Павлос, Мелас, капетан Кота. Тогаш се тие борби и тие дале крв да го освојат тој дел“.

 

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Најстудено утрово во Берово, измерени -1 степен

„Требаше многу порано да не прогласат, дека немаме право на терминот Македонија. Дел секако, по територија секако ова е Северна Македонија, никој не може  да приговори дека ова не е Северна Македонија, но цела Македонија како што има некој иредентистички погледи од политичарите кај нас… Јас се сеќавам дека ВМРО на почетокот кога велеше идниот конгрес во Солун ќе биди…“, изјави Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.

Во интервјуто г. Јован зборува и за неговата здравствена состојба, деновите поминати во затвор и неговата дијагноза мултиплекс склероза. Но вели дека не размислува за пензионирање.

Вели дека е тешко да се очекува томос од вселенскиот патрихајрх, потсетувајќи дека треба да се работи на прифаќањето на автокефалноста.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  И умирачката во Македонија скапа: Се продаваат гробни места до Борис Трајковски и Алеата на Великаните од 10 илјади евра на попуст за 4.500
360 degrees season 10, show 12
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа