Разни гнаси почнаа да ви нудат и 300 евра ако си го смените презимето во ОВ или ЕВ. До таму стигнавме со поданичката, вазалска политика на Таче и бугарашите околу него Е па ајде, навали македонски народе. Триста евра! Кој ти ги дава!

Ете разни гнаси почнаа да ви нудат и 300 евра ако си го смените презимето во ОВ или ЕВ.
До таму стигнавме со поданичката, вазалска политика на Таче и бугарашите околу него
Е па ајде, навали македонски народе.
Триста евра! Кој ти ги дава!
И тоа за ситница. Да ставиш ОВ во презимето наместо СКИ.
Земавте бугарски пасоши, се пишувавте Бугари, а не сте. Можете и триста евра да лапнете. Кој ќе знае?
Башка триста евра не се ДВЕ ЧВРЕНИ.
Сега ни враќаат со триста евра, башка нема да ве онадат, само сакаат презимето да си го смените ко во времето на фашистичка Бугарија. Тогаш со ќотек, денес со триста евра.
Кој треба да одговара за ова понижување, а?
Има некој од тука што ќе понесе одговорност.
Светот ни се смее, како шугине се потсмеваат со нас.
Штом ги избркате овие квислинзи од власт, новата власт второ што треба да направи, откако ќе ги поапси предавниците, е да ги повика сите со бугарски пасоши и да им каже: Бирај баце! Ако го задржиш бугарскиот пасош, го губиш македонскиот! Каков е таков е. Ако си останеш, заведен како Бугар во ЕУ, со бугарски пасош, не си веќе Македонец! Имај си бугарски пасош работи си во ЕУ, прави пари, ама НЕ СИ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЕЦ.
Па оправдувај се, скокај до таван ако сакаш дека си морал да се побугарчиш, оти си немал леб да јадеш… Добро.
Се ти е простено, но НЕ СИ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЕЦ. Бркај си работа и учи бугарски.
Јас така би направил да сум во таа власт и да одлучувам.
И око нема да ми трепна.
Оти ова бугарашко аздисување мора да го запреме, што поскоро.

 

Сашо Тасевски

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа