ВО 13 ВЕК МАКЕДОНЦИТЕ БИЛЕ НАЈБРОЈНИ ВО ЕПИР! ДЕНЕШНА ТЕРИТОРИЈА КОЈА ЈА ДЕЛАТ АЛБАНИЈА И ГРЦИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕПИРСКОТО ДЕСПОТСТВО – 13 ВЕК
Во синодалните акти на Охридската Архиепископија, во 13-ти век, почнува да се употребува именката Македонец за жителите на Македонија кои зборувале на славјански јазик.
Според синодалните акти, во првата половина на 13-ти век, Македонците биле најброен народ во Епирското деспотство. Ова деспотство ги опфаќало: – Сите делови на етногеографска и историска Македонија; – Регионот на Епир, до Скадар; – Западниот дел на Егејска Македонија; како и – делови од Тесалија и западна Грција, јужно од Нафпактос.
Епирско Деспотство (држава) било создадено во 1204 година на западните делови од Балканскиот Полуостров со престолнина Јанина. Тоа е време кога Цариград бил преземен од Крстоносците. (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena. Parissis et Romae 1891, col 315) (с.с Историска белешка)

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа