Куновска го запука Заев по обзнанието на Плус Инфо дека сака насилно да ја преземе СДСМ: “ПОКРИЈ ЈА ГЛАВАТА И ДА МОЛЧИ“

„Човекот што ја измисли и што го правеше списокот за аболиција, барабар со Иванов не може денес да не спасува од истата. Би требало да се присобере, да се покрие со ќебе преку глава и да ќути. Се разбира, ако има образ. А нема“ – напиша актерката и поранешна експонирана активистка на СДСМ Софија Куновска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Куновска алудира на улогата на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во спречување на политичката операција за правно оживување на аболицијата што ја издаде поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, за што пишуваше Плусинфо.

Оваа операција, која беше конкретизирана со иницијатива пред Врховниот суд з аправно толкување на аболицијата на Иванов, би се овозможило враќање на поранешниот премиер Никола Груевски од егзил во Будимпешта, а со тоа и евентуално ослабување на ВМРО-ДПМНЕ и зголемување на можностите да се спроведат уставните измени во Собранието. За таа цел бил вршен притисок врз Врховниот суд, на што се пожали претседателката на судот Беса Адеми, и јавно со интервју, па и во контакти со претставници на странските амбасади.

На оваа операција, која ја предводела ДУИ, а со согласност и асистенција од СДСМ, наводно жестоко се спротиставил и Зоран Заев, заканувајќи се со јавни настапи па дури и повторно преземање на партија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа