ЌЕ СЕ РУШИ МУЗЕЈОТ НА УЧК ВО СОПОТ? Се работи за дивоградба

Дивоградба е објектот каде што викендов, високи претставници на политичката партија ДУИ отворија меморијален комплекс во кумановското село Сопот, утврдил вонредниот инспекциски надзор на градежен инспектор од Општина Куманово.

 

И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение испратено до јавноста информира дека објектот е дивоградба и дека општината нема издадено документација за градба. Вели дека објектот е изграден на државно земјоделско земјиште.

 

– Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, коешто во имотниот лист број 117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакнат на огласна табла, посочува Димитриевски.

Најавува дека ќе биде доставена и пријава до полиција.

 

– Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но, дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага, вели Димитриевски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа