ОВАА НАДГРОБНА ПЛОЧА ОД БИТОЛСКО СВЕДОЧИ КАКО ОД СТРАНСКИТЕ ПРОПАГАНДИ Е ФАЛСИФИКУВАНА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА!

 

Спроти 11 Октомври
Фотографијава беше поставена од г-дин Филип Петровски, и му благодарам што ја објави. Над неа пишуваше: МАКЕДОСКАТА ТАЖНА ИСТОРИЈА. Надгробна плоча од Битолско која зборува повеќе од многу учебници кои ја фалсификуваат историјата.
Македонецот на сила мобилизиран војник во турската војска од 1910-1912, во српската од 1914-1915, во бугарската од 1916-1918. Често пати едниот брат во едната другиот во другата. Принудени да пукаат еден во друг. Принудени да гинат за туѓи интереси, негирани, бришани преименувани. Како што вели Коста Рацин : ,,Копај си црни гробови за туѓи бели дворови,, . Кога конечно четириесет и петата ја ослободиле Македонија како Македонски партизани, наместо во Егејска Македонија каде што тргнале Тито ги пратил на сремски фронт да ја ослободуваат
Војводина.
Тие што се побуниле биле стрелани или затворени. Уште еднаш да не се спречи соединување, постоење. За жал се уште лагите кои толку долго ни ги повторувале за некои се вистини. Сите тие, понекогаш, едноставно како луѓе, нека се обидат сосема малку да го почувствуваат очајот на нашите претци, растргнати во виорот на војните во кои биле третирани само како безимено топовско месо.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа