108 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ДОЛГАЕЦ – БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР ЗАКЛА 410 МАКЕДОНСКИ СЕЛАНИ

Не само во Втората светска војна, бугарскита војска извршила страшни ѕверства врз Македонците и во Првата светска војна.
Едно од најгнасните злосторства се случило 1915 во селото Долгаец, Прилепско, и во неколку околни села, кога бугарските крвници помогнати од повеќе Арнаути (Албанци) во Долгаец и околните села масакрирале и заклале 410 Македонци.
Откако војската влегла во Долгаец, пред нив прв истапил селскиот поп Трајко. Него веднаш го заклале, и потоа со невидена бруталност прво ги ограбиле селаните, им ги собрале парите и златото кое го нашле, а потоа со бајонетите почнале да ги убиваат и колат сите, не гледајќи дали се деца, жени или старци.
Бугарските и албанските крвници во Долгаец и неколку околни села заклале и убиле 410 Македонци.
Голем дел од убиените биле деца, а меѓу нив и бебе од само неколку месеци. Биле заклани:
Крсе Младеновски (8 години),
Велика Младеновска (8 години),
Ленка Младеновска (10 години),
Крсте Јандреоски (8 години),
Трајан Јандреоски (3 години),
Магда Трајкоска (5 години),
Ана Јовеска (6 години),
Илија Иваноски (5 години),
Ристе Василески (4 години),
Боце Василески (8 години) итн …
Откако го извршиле масакрот, 16 годишната Велика Конеска ја врзале за нозе и со главата надолу ја обесиле за едно дрво, за да видат колку време може да остане жива во таква положба.
Најголем дел од жртвите биле веднаш убиени или искрвавиле до смрт. Некои од ранетите тргнале кон селото Зрзе, еден дел умреле по пат кон селото, а за некои кои успеале да стигнат немало соодветни лекови и умреле во Зрзе.
По неколку дена во Долгаец пристигнале селаните од Зрзе да ги закопаат остатоците од телата. Мртвите тела биле расфрлани насекаде низ Долгаец. Се ширела неподнослива смрдеа од лешевите. Насекаде низ селото имало кучиња кои ги јаделе труповите на убиените.
По ѕверскиот масакр населението во неколкуте села било преполовено. Најголем дел од жртвите биле закопани во масовна гробница на местото викано „Брест“ на влезот од селото од левата страна на патот, каде се наоѓале старите гробишта.
Најголем дел од жртвите биле од селото Долгаец (195) како и од селата Гостиражни (70), Стровја (60), Костинци (40), Маргари (30) и Богомила (15).
Два месеци подоцна, во Јануари 1916, на големиот празник Бадник, бугарската војска ќе изврши нов масакр во регионот на Поречието, Македонски Брод, кај месноста Дервишка нива. Во познатиот Бадников масакр бугарските ѕверови ќе убијат 103 Македонци.
До денеска, ниту еден бугарски политичар не се извинил за бугарските масакри врз Македонците, извршени од бугарските војски во Првата и во Втората светска војна. Ниту еден.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа