ДОБИТНИЧКА НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ВО ЧИКАГО ЈА ПОМАГАЛА МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО 1934 и тврдела дека македонците се различна нација од бугарите

НОБЕЛОВКА ИМ ПОМАГА НА МАКЕДОНЦИТЕ – ЕМИГРАНТИ ВО САД, ПОКРАЈ ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И ДРУГИТЕ НАЦИОНАЛНОСТИ – 1934 г.
Џејн Адамс (Jane Addams), добитничка на Нобеловата награда за мир во 1931 година, ja основала населбата Хал-Хаус (Hull-House) во градот Чикаго за помош на имигранти кoи доaѓaле во САД од разни земји од светот. 3аедницата се состоела од 13 згради каде што на жителите им биле обезбедени клубови за различни активности: часови по англиски јазик; библиотека; галерија; базен; градинки и дневен престој за децата, Биро за вработување; хали за сидикално организирање; итн.
– „Хал-Хаус е сиромашна населба во Чикаго, преполна со луѓе од многу националности, вклучувајќи Грци, Италијанци, Бугари, Литванци, Македонци и Мексиканци. Секоја нациoналност во населбата е охрабрена да го зачува својот идентитет и тука се одвива настава за разните национални уметности и занаети.“
Ваквите социјализирани населби почнале да се основаат паралелно како што течеле процесите на урбанизација, индустријализација и емиграција кон крајот на 19 век и подоцна. Во 1900 година, во Чикаго имало 35 социјализирани населби.
Адамс изјавила дека нејзиниот идеал бил да поттикне пријателска соработка и меѓусебно разбирање меѓу различните националности, тука вклучувајќи ги и Македонците.
Адамс e позната активистка, организаторка и плодна авторка со 11 книги и голем број написи. Повеќе од 20 години била претседател на Женската меѓународна лига за мир и слобода, а раководела и со неколку други организации. На почетокот на 20. век, таа била една од водечките личности на движењата за мир. Поради својата меѓународна анти-воена дејност и мировни иницијативи пред, за време и по Првата светска војна, ѝ била доделена Нобеловата награда за мир.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа