БОМБА НА ПЛУС ИНФО! ЛЕВИЦА Ѓ БИДЕ НАЈСИЛНАТА МАКЕДОНСКА ОПОЗИЦИЈА! ПО ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ СДСМ ЌЕ ОСТАНЕ ПОД КОНТРОЛА НА ВЛАДЕАШКАТА ВМРО
Парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ треба да му донесат победа, со скор од 50 до најмногу 61 пратеник. Ако се случат очекуваните промени во СДСМ, но и ако дојде и до извесни кадровски освежувања во ДУИ, западните дипломати веројатно ќе ги охрабрат актерите после изборите да состават една широка, концентрациона влада, предводена од победникот Христијан Мицкоски, влада во која би имало место и за победникот во албанскиот политички блок.
Нема да биде лесно да се оствари таа цел, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на сцената разменуваат воинствена реторика, иако имаат и канали на нормална комуникација. После изборите политичкиот пејсаж во Македонија веројатно ќе биде значително променет: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник (кому му личи да му подаде рака на поразениот, како во бокс мечевите); СДСМ ќе биде без Ковачевски, веројатно и без Миле Зечевиќ и без некои други кадри, но затоа со нов лидер, со старо-нови фаци во раководството и со нови надежи; во ДУИ би можело да дојде до “ветинг” и до “зазеленување” на врвот; албанската опозиција би можела да се обедини; Левица веројатно ќе освои одличен скор на изборите, но и натаму ќе се радикализира, со амбиции да го понесе опозицискиот бајрак; во случај на неуспех на претседателскиот кандидат на СДСМ, би имале нов шеф на државата, најверојатно во ликот на Гордана Силјановска или во ликот на помладиот Александар Спасеновски… На политичката сцена ќе има нови ликови, со нови позиции и капацитети, а тоа е услов за креативна политичка игра.
ИЗВОР ПЛУС ИНФО