НУКЛЕАРКА НА ПЛУС ИНФО: ЗАПАДНИ ДИПЛОМАТИ ПРЕСМЕТАЛЕ ДЕКА МИЦКОВСКИ И ВМРО ДПМНЕ УБЕДЛИВО ЌЕ ГО ПОБЕДАТ СДСМ?
Добро упатен извор го брифираше Плусинфо дека западните дипломати конечно се откажале од идејата со сила да ги наметнат уставните промени, да го искористат Никола Груевски за предизвикување внатрешни поделби во ВМРО-ДПМНЕ и да го поддржат Димитар Ковачевски во неговата намера на изборите поразениот СДСМ со сите албански партии заедно да формира малцинска влада.
Во дипломатските кулоари преовладува оценката дека ВМРО-ДПМНЕ има реален потенцијал да освои околу 50 пратенички мандати, а расте и рејтингот на радикализираната Левица. Од друга страна, неизвесно е што ќе се случува во албанскиот политички блок. ДУИ има најголеми шанси за успех, но албанската опозиција не е за потценување, а нејзиниот кандидат за претседател на државата би можел да освои најмалку 100.000 гласови.
Еден таков скор ги доведува под знак прашање шансите на претседателскиот кандидат на СДСМ (најверојатно Стево Пендаровски) да го победи противникот од ВМРО-ДПМНЕ со гласовите на Албанците. Веројатно затоа, како што дознава Плусинфо, западните дипломати имаат свој фаворит и меѓу потенцијалните претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ.