ШОК ЗА БУГАРИЈА! ТИТО СЕУШТЕ НЕ БИЛ РОДЕН! ЕСТОНЕЦ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 1890 ГОДИНА ЈА ОДБРАНИЛ ПРВАТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

27.11. 1890 – ПРВАТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
На денешен ден, 27 ноември 1890 (кога Тито не бил ни роден) балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил првата докторска дисертација за Македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес Тарту) во Естонија.
Младиот студент Леонард Мазинг дошол во Тарту да студира теологија, но не тргнал по стапките на татко си и не станал свештеник, туку филолог.
Клучна улога во запознавањето со Македонија, како што Леонард Мазинг објаснува во својата докторска дисертација, имале двајца Македонци кои Мазинг ги запознал во текот на неговите студии во Лајпциг и во Петроград (Санкт Петербург).
Во 1886 година во Лајпциг, Германија, Мазинг се сретнал и другарувал со велешанецот Иван Ѓоргов, кој го запознал со состојбите во Македонија, јазикот, обичаите, историјата… Во Петроград, Русија, го запознал и Димитар Топеничаров, кој по потекло бил од Охрид.
Мазинг бил фасциниран од Македонија и не само што одбрал да докторира на тема за македонскиот јазик туку оставил и многу белешки од неговите истражувања за историјата и етнологијата на Македонија, ставајќи ги во посебни одредници, и во нив незаобиколно ги спомнал Македонската империја, кралевите Каран, Пердика, Филип и Александар.
Во 1890 Мазинг ќе запише: „Во денешниве услови кога Македонија не е независен политички субјект, за нас (лингвистите) важат нејзините етноисториски граници за дефиниција на јазикот!“
За време на Илинденското востание, трогнат од херојската борба на Македонците во обид да ја ослободат Македонија и од колежот после задушувањето на востанието, Мазинг одржал неколку говори на академските вечери посветени на Македонија и македонскиот народ.
Мазинг оставил и лична кореспонденција со големиот поддржувач на македонскиот јазик – професорот Иван Александрович Бодуен де Куртене, кој бил негов ментор.
Бодуен де Куртене му бил професор и на македонскиот великан Крсте Петков Мисирков, а подоцна и негов колега соработник.
Со докторската дисертација, како и со другите свои дела Л. Г. Мазинг поставил пат за развој на македонистиката кон крајот на 19 век.
Неговите дела привлекле и други автори на кои им била важна научната вистина за Кирилометодиевата писменост, култура и етнолингвистика.
БИОГРАФИЈА
Леонард Готхилф Мазинг бил роден на 21 ноември 1845 во селото Мустјала (на островот Езел, денес Саарема) во Естонија, по националност бил балтички Германец и потекнувал од семејство чиј татко бил свештеник во Лутеранската црква. Се школувал во Лајпциг, Гетинген и во Дорпат (Тарту).
На 27 ноември 1890 година во Тарту ја одбранил докторската дисертација за посебноста на македонскиот јазик насловена „Јазична оценка за јазикот на македонските Словени и акцентот/рефлексите на ќ и џ“.
Особено внимание Мазинг посветил на гласовите ќ/тј и џ/дј во македонскиот јазик, што претставувало најпривлечна тема во славистиката.
Леонард Мазинг работел на Дерптскиот универзитет повеќе од 45 години каде што прво бил доцент, а подоцна и професор на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје.
Држел курсеви за споредбено-историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, вовед во славистика, филолошка и славистичка литература, црковнословенскиот јазик, јужнословенската дијалектика, источноевропските јазици итн.
Починал на 4 април 1936 во Тарту, Естонија. Погребан е на универзитетската парцела на гробиштата „Ради“, но неговиот гроб не е зачуван бидејќи по немилите настани по Втората светска војна настрадале и гробовите и надгробните плочи на починатите.
Со докторската дисертација за македонскиот јазик во 1890 година, Леонард Г. Мазинг се вгради во поновата македонска историја и современото македонско јазикознание/лингвистика, градејќи споменик пред кој ние Македонците можеме да се поклониме со длабок пиетет.
Првата докторска дисертација на Леонард Мазинг е уште една афирмација за македонскиот јазик во светот, а е од особено значење за македонското национално малцинство во Бугарија и Грција, каде што Македонците сѐ уште не ги уживаат правата за културен развој и употреба на својот мајчин македонски јазик.
Делото на Мазинг долги години било непознато за македонската научна јавност, но во 1975 година Р. В. Булатова го истражува Мазинг и го објавува трудот:
„Првиот истражувач на јазикот на Македонските словени Л. Г. Мазинг (1845 – 1936 )“, и потоа делото на Мазинг станува отворено за македонската јавност.
Пред да ја напише својата дисертација, Мазинг ги проучил и делата на Пулевски, Драганов, Шапкарев, Верковиќ и други автори, со што стекнал одлични познавања за македонскиот јазик.
ИЗЛОЖБА ЗА МАЗИНГ
Пред седум години, на 27 ноември 2015, во Универзитетската библиотека во Тарту беше поставена изложба посветена на Леонард Г. Мазинг, авторот на првата докторска дисертација за македонскиот јазик при што беа одбележани два јубилеја: 170 години од неговото раѓање и 125 години од одбраната на докторската дисертација.
Изложбата беше ретроспектива за неговиот живот и дело, со фокус на докторската теза за засебноста на македонскиот јазик, како и неговите сестрани истражувања за географијата, историјата и етнографијата на Македонија.
Иницијатор и автор на оваа изложба беше Георги Гоце Дуртаноски, кој оваа архивска граѓа ја истражуваше две години во Државниот архив на Естонија, Универзитетската библиотека, Естонскиот литературен музеј и архивата на Естонската лутеранска црква.
ПЛИК И ПОШТЕНСКА КАРТИЧКА СО ЛИКОТ НА МАЗИНГ
Светскиот Македонски младински конгрес во Естонскиот поштенски музеј во Тарту, на денот на изложбата промовираше и пушти во оптек поштенски плик и картичка со ликот на Леонард Мазинг и со првата докторска дисертација за македонскиот јазик.
По повод 170 години од раѓањето на Леонард Мазинг специјална серија чоколади со неговиот ликот се најде како дел од изложбата во Тарту.
Најпознатата фабрика за чоколади „Лаима“, основана во 1870 година во Рига (Летонија), на почетокот го носела името „Македонија“, до 1925 година кога била преименувана во „Лаима“ – балтичка митолошка божица на честа и судбината.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа