Љупчо Палевски, во пошироката јавност познат со прекарот Палчо е лицето кое што е главно осомничено за двете убиства, на четиринаесетгодишната Вања Ѓорческа и велешанецот Панче Жежовски (74), кои ги потресе македонската јавност. Македонија не памети ваква трагедија и ваков грозоморен чин на посегнување по живот на македонски граѓани, вклучително на едно малолетно девојче.
Животната траекторија на Љупчо Палевски – Палчо започнува како член на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) каде што извршува и високи партиски функции. Една од таквите функции е претседател на градската организација на СДСМ во Скопје. Скопската градска организација во една партиска инфраструктура и организација е една од највлијателните општински организации, па така и на СДСМ. Тоа е така, затоа што во Скопје е концентрирано речиси половина од македонското население и кој раководи, односно е претседател на една таква општинска партиска организација тој раководи со скоро половина Македонија.
А, на монструозниот убиец Љупчо Палевски – Палчо, македонскиот, сега и владејачки, Социјалдемократски сојуз му доверил вака високо позиционирана партиска функција.
Освен високите партиски функции во СДСМ, Палчо изминативе години траекторијата ја продолжува и во медиумите. Тој за време на воениот конфликт издаде неделн весник, кој се печатеше во тетовкса Речица. Весникот не траеше долго, но Палевски не се откажа од медиумската сфера. Потоа ја отвори телевизијата ТВ4, која по неколку години беше затворена, односно и беше одземена лиценцата за работа поради неплаќање на обврските кон државата. И тука не сопре инволвираноста на Палевски во медиумите и очигледно неговата голема желба за внимание во јавноста.
Македонската јавност изминатиот период, во траење од неколку години, беше сведок како Палевски, кој што за јавноста е контроверзна личност, креираше јавно мислење со зафаќање голем медиумски простор на интернет порталот Инфомакс.мк, чија редакција има и интернет емисии во живо. Палевски во Инфомакс неколку години по ред беше редовен гостин во нивните емисии како „Тешки муабети“, но исто така му беше отстапен медиумски простор и како водител и ко-водител на нивните таканаречени емисии, односно подкасти.
љу