ЕКСПЛОЗИЈА НА АГЕЛЕР! ШТО ЗНААТ АМЕРИКАНЦИТЕ ЗА СМРТТА НА ВАЊА? ЗОШТО СПАСОВСКИ НЕ ОДГОВОРИ НА ОБВИНУВАЊАТА НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА

По изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер која ги обвини институциите дека не апселе криминалци и не го спречиле убиството на Вања и Панче министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски избегна да одговори на обвинувањата кон институцијата која ја раководи цели 7 години а која реално можеше да ја спречи смртта на девојчето и пензионерот.

 

Спасовски не одговори конкретно зошто Љупчо Палевски Палчо и покрај големиот број кривични дела досега не бил уапсен и зошто Вања не била спасена.

 

Министерот во денешната изјава се обиде да генерализира дека одговорни за трагедијата се институциите и граѓаните а конкретната вина за Палчо и Вања индиректно ја префрли на правосудството односно на обвинителството, државниот обвинител Јовески, шефот на Скопското јавно Гаврил Бубевски и судиите.

 

Министерот Спасовски по седум години во владата на најмоќната позиција вината ја гледа во системот кој морал да биде консидиран во однос на истрагите, судењата и во однос на извршувањето на санкциите.

 

,,За да не ни се случува кога МВР ќе ги приведува криминалците, за кратко време да ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки” изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

,,Целиот систем мора да биде консолидиран во однос на истрагите, судењата и извршувањето на санкциите. Тоа е нешто што мораме да го разбереме и да го прифатиме како состојба што мора да се менува”, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи ја изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека институциите треба да се погледат во очи и да се запрашаат што можеле да сторат за да се спречи убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Во обидот да ја отфрли вината на обвинителството Спасовски тврди дека улогата на полицијата наспроти Обвинителството во однос на неказнивоста е на страна на МВР.

,,За тоа може да се извадат конкретни податоци и информации во однос на постапувањето и на двете институции. Јас ве уверувам во однос на постапувањето на Министерството за внатрешни работи и тоа може да се покаже со бројки. Во однос на секоја пријава, делување, постапување и собирање на сите информации, податоци и поднесувањето на кривичните пријави”, рече Спасовски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа