НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА КОЈ ЧОВЕК РЕШИ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД СДСМ! ЕДЕН ОД ЕКС МИНИСТРИТЕ СО НАЈГОЛЕМИ СКАНДАЛИ ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА ПРВ ЧОВЕК НА ДРЖАВАТА?
Уште една позната јавна личност се вмешува во трката за кандидат за претседател во тимот на власта.
Покрај актуелниот претседател Стево Пендаровски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, екс премиерот Зоран Заев и екс министерката за одбрана Радмила Шекеринска кои и досега се споменуваа како можни кандидати за претседател на идните претседателски избори, деновиве во СДСМ се зборува за уште еден функционер кој има желба да биде кандидат и работи на исполнување на својата амбиција.
Извори во СДСМ од охридското крило на партијата тврдат дека со поддршка на Зоран Заев во игра за кандидат за претстадел е екс министерот за здравство Венко Филипче кој би бил првиот лекар на таа функција.
Според изворите на expres.mk Филипче се уште имал голем рејтинг затоа што успешно ја минал Ковид кризата.
Изворите тврдат дека сега се чека Јавното обвинителство да покаже дека Филипче не е виновен за скандалот на Клиниката за Онкологија по што тој јавно би можел да ги открие своите претседателски амбиции.
Изворите признаваат дека ако постои и најмал сомнеж дека Филипче со лошиот надзор на криминалот на Онкологија има било каква вина тој тешко ќе може да биде дел од трката за претседател.
Тие тврдат дека за разлика од Пендаровски кој поради Францускиот предлог и Спасовски кој поради случајот со Вања Ѓорчевска имаат сериозно разнишан рејтинг и не можат да победат, Филипче немал големи скандали и можел да очекува поширока поддршка на изборите.
Во битката Филипче очекувал поддршка од Зоран Заев кој по споменувањето во црната листа на САД како мафијашки шеф на Рашковски веќе не се гледал како кандидат за таа позиција.
СДСМ се уште калкулира и не кажува кој ќе биде кандидатот на власта на изборите.
Единствено што досега кажа Ковачевски е дека кандидатот на власта ќе биде од СДСМ а не од ДУИ или друга партија.