“Духовно огледало”
на Македонски јазик 1900година
ИВАН СТОЈКОВ (1855 – 1931) – МАКЕДОНСКИ ЦРКОВЕН ДЕЕЦ КОЈ ТВОРЕЛ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Иван Стојков е македонски црковен деец и певец, познат по своите песни, записи и книги на, како што самиот истакнува – македонското кочанско наречје.
Роден е во 1855 година, во село Зрновци, близу Кочани, источна Македонија. Тој станал црковен певец и бил еден од најпознатите во Македонија во своето време, издигнувајќи го црковното пеење на извонредно ниво. Освен македонски јазик, тој зборувал и бугарски, грчки, турски, влашки, црковнословенски, француски и руски јазик. Работел во Кочани, Велес и други места ширум Македонија, а на почетокот на 20. век минал извесно време минал и на Света Гора.
Во 1904 г. ја објавил својата книга „Духовно огледало“, којашто е значаен извор за развојот на македонскиот јазик, бидејќи била напишана на родното за Стојков – просто македонско, т.е. кочанското наречје.
Своите книги Иван Стојков ги потпишувал како црковен пејач, нагласувајќи дека ги составил на кочански говор. Таква белешка има и на насловната страница на „Богородична молитва“ од 1899 година. Починал во 1931 г. во Кочани.
ЛИТЕРАТУРА: Љубинка Ајтовска, Илинка Атанасова, „Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење“, Општина Кочани, 2017. стр. 27. ——-/
Сите реакции:
39Kuzman Mato, Vase Petkovski и 37 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?