БРИТАНСКИ ДИПЛОМАТ ВО 1887 МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОСЕБЕН НАРОД И СЕ РАЗЛИЧНИ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ

Британскиот парламентарец и дипломат Хенри Лабушер (Henry Labouchère) во 1887 година дал свое видување за тоа каква треба да биде политиката на Велика Британија спрема конкурентните европски сили Германија и Франција, посебно доколку тие посегнат по независна Белгија. При тоа, политичарот ги наведува Македонците како засебен народ, одделно од Бугарите, Србите и Грците.
Лабушер аргументира дека врвен интерес на Велика Британија е да не дозволи Франција или Германија да ја заземат Бeлгија, и Лондон мора да спречи таков развој на ситуацијата дури и по пат на војна. Тој понатаму вели:
– „Истото се однесува и на Балканскиот Полуостров и на Турција. Можеме да посакуваме Бугарите, Србите, Македонците и Грците самите себе да се управуваат, и да посакуваме Русија да не пружа раце врз Цариград. Сепак, од строго британска гледна точка, би било многу подобро Русија да го има Цариград и балканските провинции да не бидат независни, отколку да одиме во војна за да го спречиме тоа.“
ИЗВОР: Cambridge Independent Press and University Herald, May 21, 1887, pg. 3.
ЗАБЕЛЕШКА: Хенри Лабушер (1831-1912) потекнува од богато и влијателно банкарско семејство од Лондон. Се образувал во Кембриџ. Во 1854г. и се приклучил на Британската дипломатска служба и служел како дипломат во Цариград, Минхен, Франкфурт, Дрезден, Стокхолм, Петербург и Вашингтон. Станал парламентарец во 1856г. кога служел еден мандат, а повторно во 1880г. co три мандати. Лабушер е познат и по својата изчавачка и новинарска дејност, посебно како коресподент во Париз за време на Пруско-Француската војна од 1970-71г. Бил еден од сувласниците на дневниот весник “Daily News” и основач нa неделникот “Truth”. —-/
May be an image of text
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа