ШОКАНТНА АНАЛИЗА НА ТОМА ФИЛА: ПЛАНОТ НЕ БИЛ ДА ЈА УБИЈАТ ВАЊА, Друго нешто не ми е јасно

Убиството на Вања Ѓорчевска (14), чие тело беше пронајдено на 2 декември во близина на селото Бразда по еднонеделна потрага – го потресе целиот регион.

Наодите од обдукцијата конечно стигнаа до обвинителството, но пошироката јавност и понатаму не знае што стои во тој извештај и кој од петмината осомничени каква улога имал во киднапирањето на девојчето и нејзината смрт, пренесува Телеграф.рс.

За овој грозоморен случај зборувал и познатиот белградски адвокат Тома Фила, кој смета дека обвинителството првенствено мора да го утврди мотивот како би го докажало делото:

„Целиот случај го следам од првиот ден. Она што можам да го кажам е дека сега сè е на обвинителството и тие мора јасно да утврдат кој е мотивот, бидејќи во спротивно, нема кривично дело. Добро е што сите се уапсени и што се разделени, па да се открие кој каква улога имал. Сигурен сум дека Турција во најбрз можен рок ќе го екстрадира главниот осомничен Љупчо Палевски Палчо. Никому во земјава не му е потребен таков монструм!“

 

 

 

По неговите зборови, само со обдукција може да се утврди дали девојчето е убиено живо или се задушило, па морале да се „ослободат од неа“.

„Гледам дека таткото е осомничен бидејќи, наводно, го открил движењето на неговата ќерка. Сите забораваме дека не морал тој да каже на организаторот и на останатите кога излегува и каде оди неговото дете, бидејќи секогаш одела на училиште во исто време и по истиот пат. Среќа што и сестрата не заминала со неа, и таа би била жртва. Осомничените очигледно биле решени токму тој ден да ја киднапираат Вања. Кој и да бил во нејзиното друштво би бил колатерална штета“, смета Фила.

Она што најмногу го загрижува како правник е што обвинителството сè уште нема дефинирано мотив.

 

 

 

Се сомнева дека девојчето најпрвин се задушило

„Како е можно да се работи за киднапирање или изнуда, кога е утврдено дека мајката немала пари, бидејќи не го ни продала станот. Не ми е особено јасно што тргнало по зло, па два-три пати пукале во детето. Се сомневам дека девојчето се задушило, па биле принудени да ја убијат. Читав дека имале опрема за киднапирање и мислам дека планот не им бил да го убијат детето. Голема задача е обвинителството да докаже која била нивната намера и како детето завршило мртво на крајот“, додал Фила.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа