ГЕРМАНСКИ ИСТОРИЧАР ПИШУВА ЗА МАКЕДОНЦИ 50 ГОДИНИ ПРЕД ДА СЕ РОДИ ТИТО

ГЕРМАНСКИ ИСТОРИЧАР: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЕДЕН ОД НЕКОЛКУТЕ НАРОДИ КОИ СЕ НАСЕЛИЛЕ НА ТНР. „ВОЕНА ГРАНИЦА“ – 1844 г.
Германскиот историчар Јохан Кол (Johann Georg Kohl) во книга издадена 1844 година сведочи дека Македонците се еден од неколкуте народи кои се населиле во Славонија и Банат, а биле дел од пошироката област наречена „Воена граница“.
Кол го посетил и истражил подрачјето, па објаснува дека е основано од императорот Фердинанд (брат на Карл V) на територии во Хрватска коишто се граничат со провинцијата Штаерска. „Воената граница“ служела како тампон зона за заштита на Кралството Унгарија од можни упади на Турците.
Отпрвин, на Христијаните кои пребегале од Отоманскиот Султанат во тампон зоната – претежно Хрвати и Срби, им билa дадена земја за обработување, но под услов да служат како гранична војска при евентуални напади на Османлиите.
Со тек на времето, територијата на Воената граница се ширела и во тие области cе населувале сѐ повеќе бегалци, меѓу кои и Македонци. Кол пишува:
– „Сите овие бегалци – Ускоци*, Хрвати, Албанци, Македонци, Срби и Власи, беа примени гостопримливо од Австрија и се населија како и порано во пустелиите на Славонија и Банат за одбрана на границата“.
Јохан Кол (1808 – 1878) е историчар, географ и патешественик кој создал богат фонд на свои дела со над 30 наслови. Се школувал на универзитетите во Гетинген, Хајделберг и Минхен. Меѓу неговите дела се „Историја на откривањето на Америка“, „Британските острови и нивните жители“, и др.
ИЗВОР: J. G. Kohl, “Austria – Vienna, Prague, Hungary Bohemia and the Danube; Galicia, Styria, Moravia, Bukovina, and the Military Frontier,” London, Chapman and Hall, 186, Strand., 1844, pg. 269.
ЗАБЕЛЕШКА: Ускоци, според Хрватската енциклопедија, се христијани – староседелци во Далмација и Босна, раселени по заканата од османлиските завојувачи, во 15. и 16. век. Тогаш поимите за етнос, племе и народ биле поинаку разгледувани отколку денес, но едно е сигурно – Ускоците биле сметани за одделна група, посебен воен сталеж, со свое посебно уредување и свои правила на живеење. За нив, преданијата велат дека „скокнале“ („ускочиле“ – оттаму доаѓа и ендонимот „Ускоци“) до пограничните области вон отоманска власт, па ја продолжиле борбата против Османлиите. —-/
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа