Запомнете прилепчани и битолчани за на избори! 7 години душмански ја мразат Битола, повторно нова инвестицја во Скопје
Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6 000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1 и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 2500 за една деценија. Компанијата е основа во 2010 година во Австралија, а веќе една година е присутна и во земјава, со околу 30 вработени. Нуди услуги ширум светот од сметковдство до програмирање.
„Одлична прилика за младите, за амбициозните. Сите оние што сакаат да работат за странска инвестиција, но сепак од дома во домашни услови, а сепак за странски плати. ЕМАПТА постои на пазарот веќе 1 година,“ -изјави Сара Панова – вработена во компанијата ЕМАПТА.
„“Имаме план да го зголемиме нашиот тим во Македонија на 100, 200, 500 до 2 000 вработени во следните 10 до 12 години. Имаме канцеларија во Скопје, но исто така имаме колеги кој работат од дома, пример имаме одличен тим во Охрид, Гевелија, и многу други различни градови.“ -изјави Инге Цвик – извршен директор ЕМАПТА глобал за Европа.