Македонците се Македонци, а не Бугари, Срби или Грци, како и дека се потомци на древните Македонци и Словените. МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ПОСТОИ И ТАА НЕ Е ЗБИР ОД ПОВЕЌЕ НАРОДИ – 1936 г.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ПОСТОИ И ТАА НЕ Е ЗБИР ОД ПОВЕЌЕ НАРОДИ – 1936 г.
Во весникот „Македонски вести” во 1936 година објавена статија под наслов „Пројавување на макед(онската) свест”. Во написот се говори за афирмацијата на македонската национална мисла и македонскиот народ. Се вели дека Македонците се Македонци, а не Бугари, Срби или Грци, како и дека се потомци на древните Македонци и Словените.
Уште повеќе, се истакнува дека македонската нација е со корен во антиката и не е збир од повеќе народи.
– „Нашите сонародници од другата страна на Места и Вардар,[1] отворено себе се нарекуваат Македоно-словени или просто – Македонци, во истовреме изјавувајќи дека не се ни Грци, ни Срби, ниту пак, Бугари….
Македонската нација се создаде во еден долг историски процес во којшто се заврши нејзиното обликување, уште во минатиот век. Нејзината структура се состои од слеаните во едно древни Македонци и подоцнежните Словени во Македонија. Тоа значи дека ние никако не ги ставаме во еден национален кош сите народности што ја населуваат нашата татковина. Во тоа попусто не укорува Огњан. Македонската нација постои, затоа што нејзиното македонско-словенско население има заеднички јазик, едни и исти нарави и обичаи, историска заедница – сите тие елементи што ги обележува и самиот Огњан како потребни, плус заедничката македонска територија и економија. Постои и македонски народ составен од Македоно-словените заедно со сите други народности во Македонија”.
ИЗВОР: „Македонски вести”, 12 август 1936 г., бр. 71, стр. 2-3.
ЗАБЕЛЕШКИ:
– „Македонски вести“ е списание и весник за историја, наука и литература, што се издавало во Софија, Бугарија, во 1935. и ’36 г. Затоа авторот вели – „од онаа страна на Места“ т.е. западно од тие реки. (ЛИТЕРАТУРА: Македоника)
Тоа е неофицијален орган на ВМРО (Обединета). Како издавачи и соработници се јавуваат Ангел Динев, Коста Веселинов, Михаил Сматракалев, Митко Зафировски и Васил Ивановски. Се објавуваат податоци од македонската национална историја, литература и култура коишто ги афирмираат автентичните погледи за националниот идентитет и степенот на развитокот на националната свест во борбата за ослободување и обединување на македонскиот народ.
Токму поради вакви и слични пишувања, после бр. 74, бугарските наци-фашистички власти го забраниле весникот. —–/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа