Летале боксови и шамари! Членови на ДУИ упаднале во МНАВ и ги затепале вработените

Откако Александар Тасевски, Претседателот на Синдикатот на контроли на летање обвини дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени, медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК неофицијално пренесува дека упаѓачите биле членови на ДУИ.

 

Наводно, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.

 

Целиот случај е пријавен во полиција и за овој инцидент известени се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

Контролорите на летање со кои овој медиум разговарал рекле дека се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли.

 

Имено, постојат две контроли – едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа