Од министерството на Бочварски тврдат дека ја следат состојбата каде со боксови биле нападнати контролори на летање ама не можат да реагираат врз постапката за вработување на кадрите на ДУИ?

 

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, велат од ова министерство.

 

-Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смеат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата – велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото.

 

– Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата – се вели во соопштението од Министерството.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа