НЕ ЗАНМ ЗА ДРУГА ДРЖАВА, ДОАЃАМ ОД Македонија, вели Елмас во првото интервју како играч на Лајпциг (ВИДЕО)

 

За македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас нема „Северна“, нарекувајќи ја својата татковина Македонија во видео претставувањето на официјалниот налог на Твитер на германскиот бундеслигаш Лајпциг, за кој потпиша пред истекот на минатата година.

 

„Здраво. Јас сум Елиф Елмас. Имам 24 години. Доаѓам од Македонија“, вели на германски во видеото македонскиот репрезентативец и досегашен играч на Наполи, кој ќе го носи дресот на моментно четвртопласираниот тим во Германија до 30 јуни 2028 година.

 

Елмас, кој со екипата е на мини-подготовки во шпанска Ла Манга до 7 јануари, се очекува да дебитира за Лајпциг на првенствениот дуел со Ајнтрахт Франкфурт на 13 јануари.

 

 

 

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа