Зеленски: Русија може да биде поразена, ситуацијата на фронтот е релативно стабилнаФото: 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Русија може да биде поразена и дека ситуацијата на фронтот е релативно стабилна.

Дури и Русија може да биде потисната според меѓународното право. Нејзината агресија може да се победи, рече Зеленски, учествувајќи преку видео врска на конференцијата организирана во Шведска.

 

Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје, со цел да се осигура дека континентот може да се заштити во секоја глобална ситуација, рече Зеленски.

Според него, две години војна во Украина докажале дека на Европа му треба арсенал на оружје доволен за да ја одбрани слободата, пренесува Ројтерс.