КАДЕ Е ТИТО СЕГА? БУГАРСКИ ВЕСНИК ПИШУВА ЗА МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ РАЗЛИЧЕН НАРОД ОД БУГАРИТЕ ВО 1903

МАКЕДОНЦИТЕ РЕАЛНОСТ ВО БУГАРСКИОТ ВЕСНИК “ЗАРЈА” 1903 ГОД, ВО КОЈ СЕ ВЕЛИ:- “МАКЕДОНИЈА СЕ БОРИ ЗА СЛОБОДА, НО НЕ ЗА БУГАРИТЕ, ТУКУ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ”.
Споменатиот весник кој излегувал во Габрово, во своја статија под наслов “Македонското движење”, од 20.09.1903 год, се спротивставува на големо бугарската политика против Македонија за припојување кон Бугарија. Говорејќи за македонското дело, весникот нагласува дека тоа не е бугарско дело, а Македонците се борат за своја држава.
Во статијата Македонците се претставени како засебен народ, различен од Бугарите, Србите, Романците, Грците…Во статијата се изнесени двете гледишта по ова прашање.
Првото гледиште е националистичко кое го застапуваат велико бугарските и тнр врховисти. Тоа е групата на И.Цончев и С. Михајловски.
Второто гледиште е интернационално кое ја смета Македонија не како бугарска земја, туку како една несреќна и нечовечна земја, во едно недозволено ропство-соседна земја која искрено се бори за слобода на Македонија. Не за Бугарите туку за Македонците. Според ова Македонија треба да биде независна држава или во една замислена балканска федерација.

 

Превземено од Маседонија: а ТЕS.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа