Соединетите Американски Држави ја прекинаа испораката на оружје и воена опрема за Украина поради недостиг од буџетски средства за такви програми, објави Ројтерс.

 

Ова на својот редовен брифинг го потврди координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

 

„Го превртивме последниот пакет расположливи резерви за кои имавме средства“, рече тој, додавајќи дека е од клучно значење Конгресот да работи на барањето за дополнително финансирање.

 

Според Кирби, потребата од нови испораки на оружје за Киев е голема, особено во зимските месеци.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден пред четири месеци испрати барање до Конгресот за дополнителни средства кои ќе се користат првенствено за помош на Израел и Украина, како и за спротивставување на Кина и Русија во азиско-пацифичкиот регион.

Барањето од 106 милијарди долари беше блокирано од републиканците.