Македонија е нераскинлив дел од византиската култура а народот на овие простори е “измислен” многу лета пред да се роди Тито

Источното римско царство или повеќе познато како Византија, своевремено симбиоза од римскиот поредок и христојанска вероисповест претставува можеби нај уникатен начин на владеење кој одржал една империја повеќе од 1000 години. Константинопол е нејзиното јадро, започнала со негово основање и завршила со пад на градот.

 

Но на што се цели ова 10 вековно опстојување на најдолготрајната империја?

Константинопол како град се наоѓал на одлична стратешка положба што ѝ обезбедувал висок степен на заштита и контрола на морските и суштински патишта. И покрај тоа што во овој период од 1000 години доживеала внатрешни раздори, политички и религиозни промени, како империја била способна да се адаптира на сите промени во политика, религија и култура. Поседувала уникатно обучена и силна војска која се грижела за везбедноста на границите. Сите овие елементи како една целина и мозаик се можеби важен фактор за долговечноста на Византија, но сепак клучот за опстојување е сепак религискиот сегмент. Византија со векови го негувала и интегрирала христијанство, и создаде нераскинлив спој и ново уредување помеѓу власта и религиозните институции.

 

Владетел на земјата бил Царот и императорот кој истовремено бил и покровител на Црквата и верата од каде што ја добивал круната. Стабилноста на земјата и изградбата на ваков одржлув систем зависела од ваквата нераскинлива врска. Византија била регионално поделена и за секој регион бил определен власник наречени Дукс, меѓутоа не постоела и не е позната етничка или племенска определба туку сите биле следбеници на одреден облик на православието кое стана духовна основа на империјата и клуч за регионално обединувње каде идентитетот е религиозниот фактор преовладувал над етничките разлики. Токму камен темелникот на Византија е овааа комбинација од државна власт со религиска подршка.

По падот на западното римско царство започнува нова ера за Византија која го креира новиот поредок и средновековна Европа. Империјата формира своја црква и универзитети, отпочнува свои битки и создава свои императори и за разлика од претходно, процесот на крунисување  се врши од страна на патријархот во црквата Света Софија во Константинопол што го претставува црковниот елемент во ритуалот.

 

МАКЕДОНИЈА ВО ВИЗАНТИЈА

Во периодот на владеењето на источното римско царство Макеоднија како регион е нераскинлив дел од културата, традицијата и владиниот апарат на империјата. Кога ке го спомнеме средновековието Македонија изобилува со бројни ликови и Историја во овој временски период. Цар Самоил неговиот син Гаврило Радомир, неговиот внук Јован Владислав, Кирил и Методиј, Климент Охридски оставиле длабок печат во градењето на византиската целина. Значајни области и градови како Охрид кој бил најважен град во регионот познат по многубројните цркви и манастири, манастирот Св. Наум дополнително го збогатувал религиозниот пејсаж, Битола позната како Хераклеа Линкестис со византиската црква Св. Димитрија подигната во 6 ти век била најважниот центар за комуникација меѓу византијските региони. Бројни градби како Самоиловата тврдина, преспанските бањи, самоиловите дворци, патот Виа Игнација долг 1000 километри  кој поминувал и низ македонскиот регион зборуваат за тоа дека Македонија е нераскинлив дел од империјата.

 

Сеуште не е доволно јасно зошто Цар Самоил кренал бунт во рамките на Византија, веројатната причина е желба за независно сопствено царство па поради тоа се поврзал со различни племенски елементи како авари, словени и лонгобарди и успеал да формира автономна област со центар во Охрид. Успесите кои ги постигнал се резултат на силно воено лидерство и нови начини на војување против Византија.  Интересна е и самата  стратегија на освојување на Самоил која се коси со бугарските претензии за истиот.

По прогласување на автономна област во Охрид, истиот тргнал на југ а не на исток да го ослободи регионот на денешна Бугарија кој се наоѓал под византиска управа. Откако окупирал одредени делови и можеби еден од ретките владетели кој успеал да го заземе Солун налетува на голем отпор и претрпува колосални загуби нанесени од страна на византиската војска поради што е приморан  да се повлече и да ги оствари своите апетити кон исток. По големата победа над Византија на Сердика, центарот на денешна Софија, Самоил ја засилува неговата позиција и власт а со тоа решава и официјално да се прогласи за Цар.

Во тој период источното и западното римско царство се во постојани конфликти и обредите за крунисување се одвиваат оделно. Поради тоа  што Самоил е во војна со Византија не постои логика да бара круна од патеијархот во Константинопол, па подршка побарал од папата. Од причина што обредите биле доста сложени и различни а папата бол задолжен за крунисување на земјите од западното римско царство, го крунисал Самоил на постоечка круна во рамките на бугарската царска црква.

Охридската архиепископија е важен елемент во функционирањето на византиската империја. Се простирала на огромна територија која ги опфаќа денешна Албанија, Грција, Косово, Црна Гора и Србија и според одредени извори после патријаршијата во Константинопол била втора највлијателна архиепископија и религиозен центар со седиште во Охрид. Во рамките на  архиепископија се одвивале различни културни и образовни активности, напишани се илјадници текстови и креиран е обемен учебен материјал со што се ширело христијанството и византиската култура. Имала огромно влијание и важна политичка и дипломатска улога посебно во периодот кога како архиепископ од страна на царот е испратен Теофилакт. Иако пратен како голем чиновник кој треба да сатви ред поради тоа што словенското население било веќе доминантно и преовладувало над ромејското ,знаел често да ги омаловажува и да стапува во конфликт со охриѓани. Во тој период во Охрид народот веќе се служи со писмото и преводите оставени од Климент и Наум па како ромеј замерувал на нивното не познавање и лошото користење на хеленското писмо.

 

Македонија во времето на Византија играла изразито значајна улога, обележувајќи се со уникатен и комплексен мозаик на културни, религиозни и политички влијанија. Од уметноста и културата, преку религиозниот живот и ликовите што ги обележуваат, Византијска Македонија создавала уникатна историја која ја красела со вредни наследства. Оваа епоха формирала траен идентитет на регионот и оставила наследство што допрва ќе се истражува.

 

М-р Љупчо Маркоски

 

 

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа