Откако му честиташе на победникот кој го фати крстот, свештеникот Лука Цицмил се придвижи кон камерата, рече „Бог се јави“ и облечен во мантија скокна во водата.
Несекојдневна сцена се случи на денешниот празник Богојавление – Водици во општината Плужине на Пивското Езеро во Црна Гора, каде традиционално православните верници скокаат по светиот крст.
На видеото кое се споделува по социјалните мрежи се гледа поп, кој прво го осветува крстот, го фрла, па и самиот се фрла во студените води.
Откако му честиташе на победникот кој го фати крстот, свештеникот Лука Цицмил се придвижи кон камерата, рече „Бог се јави“ и облечен во мантија скокна во водата.