СДСДСМ: Aко ДПМНЕ не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада нема зошто ниту СДСМ да ги гласа

Во пресрет на изгласувањето на техничката влада, партиските препукувања меѓу двете најголеми политички партии не престануваат.

Па така, СДСМ во последното соопштение за јавност велат дека нема зошто пратениците да ги гласаат предлозите на опозиционерите, кога ни самите ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржуваат.

„Ако не заслужуваат предлозите од ДПМНЕ поддршка од пратениците од ДПМНЕ нема основа да се бара тоа од другите пратеници. Во таков случај местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети. ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии што имаат министри во техничката влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада“, соопштуваат СДСМ.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа