УЖАС! Дете се удави во хотелски базен!

брза помош
Истрагата е во тек

Дете во попладневните часови се удави во базен на хотел во сараевската општина Илиџа. Ова за порталот Klix.ba го потврди портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.

– Во 15 часот и 30 минути во Полициската управа Илиџа било известено дека во базен на хотел на подрачјето на општина Илиџа починало дете. Докторот на Заводот за итна медицинска помош констатирал смрт во 16 часот и 40 минути –  изјави Новалиќ.

Истрагата е во тек, ја води обвинителот на Кантоналното обвинителство, а ја спроведуваат припадници на МУП на кантонот Сараево. Засега не се знае за кој хотел се работи. За околностите на давењето на малолетникот ќе се знае повеќе по завршување на истрагата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа