„ДОБРО ГО ЗНАМ ПУТИН, ЌЕ ГО РЕШАМ КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА! Трамп испрати силна порака, нешто СЕШТЕ остана нејасно
45-тиот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе го реши руско-украинскиот конфликт откако ќе биде реизбран за шеф на државата. Тој тврди дека тоа ќе го направи пред да ја преземе функцијата.
– Ќе ја решиме оваа страшна војна меѓу Русија и Украина пред да ја преземам функцијата, добро го познавам Путин, го познавам Зеленски, ќе ја решиме – рече Трамп на митингот на неговите приврзаници во Њу Хемпшир.
Тој не прецизираше како има намера да го реши конфликтот.
Доналд Трамп повеќепати изјави дека може да го прекине руско-украинскиот конфликт за 24 часа. Во ноември 2023 година, Владимир Зеленски му предложи на Трамп да дојде во Украина за да му објасни зошто тоа е невозможно. Поранешниот американски претседател одби. Зеленски го смета ветувањето на Трамп опасно. Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека конфликтот е премногу сложен за да заврши за еден ден.